Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна
    Македонија

    Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна

    12/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во интервју за Канал 5, министерката за финансии појансува дека сегашната криза е сосема различна од онаа во 2022 година и дека Министерството за финансии може да реагира откако ќе се прогласи кризна состојба.

    „На дневна основа се прават анализи за тоа што се случува на Блискиот Исток и како се движи цената на нафтата и она што Министерството може да го преземе или да постапи е откако ќе се прогласи кризна или воена состојба. Во вторникот немаше предлог за кризна состоба затоа што имавме намалување на цените на нафтата. Ние правиме споредба и со она што се случуваше во 2022 година. Ако се спореди со 2022 година, точно на 12 март цената на нафтата била 117 долари за барел, а денес имаме состојба во која цената на нафтата е околу 100 долари за барел. Сега имаме сосема различна состојба за разлика од 2022 година“, посочи Димитриеска-Кочоска.

    Министерката вели дека на состанокот со нафтените компании сите потврдиле дека имаат доволно резерви.

    „Нема недостиг на нафта и тоа го кажа секоја од нафтените компании кога беа на состанокот. Можам одговорно да тврдам дека ги прашавме секоја од нафтените компании дали имаат проблем. Одговорот на прашањето зошто на одредени бензински пумпи немало нафта беше дека имаат во нивните складишта и дека им треба време да ја транспортираат до бензинските пумпи. Ниту еден не кажа дека се соочува со каков било проблем од недостиг“, рече Димитриеска-Кочоска.

    Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година.

    „Тогаш состојбите беа многу поразлични од денес. Имавме инфлација која беше многу повисока од тоа што ја имаме денес. Во 2022 година во месецот кога ги воведоа мерките има номинален раст на платите од 10 проценти, а реален 1,2 проценти односно инфлацијата била 8,8 проценти, а растот на храната бил 11,4 проценти. Денес имаме состојба каде има реален раст на платите во однос на инфлацијата, а растот на храната е понизок“, нагласува министерката за финансии.

    На состанокот со маркетите, како што информира, било договорено дека доколку забележат промени во влезните цени, да го информираат Пазарниот инспекторат.

    „Тоа е важно и нема да дозволиме она што народски го кажуваме воени профитери да ни се случува. Ја следиме состојбата. Претседателот на Владата е во постојана комуникација со сите засегнати страни, држиме состаноци во Владата. Ја следиме состојбата внимателно“, нагласи министерката за финансии.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    МАЕИ: Македонците во Пустец не се Бугари, Пустец не е бугарски протекторат

    Мицкоски: На следните избори останува техничката влада

    Прашања до Марта Кос: На која правна основа Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот?

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.