Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Пецов: За нас секој домашен меч е финале

    23/02/2026

    (Видео) Џенифер Лопез им го честита 18 роденден на своите деца преку емотивна објава

    23/02/2026

    Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

    23/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Граѓански организации: Политичко влијание не смее да го компромитира изборот на нов државен јавен обвинител
    Македонија

    Граѓански организации: Политичко влијание не смее да го компромитира изборот на нов државен јавен обвинител

    20/02/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Имајќи предвид дека Совет на јавни обвинители јавно соопшти дека дал позитивно мислење за четворица кандидати кои ги исполнуваат законските услови и дека предметот е доставен во понатамошна постапка до Владата на Република Северна Македонија, сметаме дека од овој момент одговорноста за зачувување на кредибилитетот на постапката е кај извршната власт, реагираат денеска од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, од каде што велат дека со внимание го следат процесот за избор на нов државен јавен обвинител.

    „Укажуваме дека јавни изјави на претседателот на Владата, со кои однапред се исклучуваат одредени кандидати, во фаза кога Владата сè уште нема донесено одлука, создаваат ризик од политичко влијание врз процесот. Имајќи предвид дека станува збор за кандидати за кои веќе е утврдено дека ги исполнуваат законските критериуми, ваквите изјави можат да ја нарушат довербата во еднаквиот третман и во интегритетот на постапката. Изборот на државен јавен обвинител не е политичка, туку институционална одлука со значајни последици врз владеењето на правото и системот на кривична правда. Оттука, очекуваме Владата да постапува одговорно, да се раководи исклучиво од законските критериуми и стручните оценки и да обезбеди транспарентност во носењето на конечната одлука“, се наведува во реакцијата од Платформата.

    Какошто појаснуваат, во контекст на тековните предизвици поврзани со борбата против корупцијата и организираниот криминал, изборот на државен јавен обвинител има суштинско значење за обезбедување професионалност, суштинска амбиција за реформи и подобрување и институционална независност во работењето на обвинителството.

    „Затоа, секоја јавна комуникација поврзана со оваа постапка треба да придонесува кон зајакнување, а не кон релативизирање на довербата во процесот кој е утврден со закон. Во таа смисла, потсетуваме дека и во последните извештаи на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија се нотираат забелешки поврзани со потребата од јакнење на независноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство, како и од доследно почитување на процедурите во клучните именувања. Посебно е важно постапката за избор на државен јавен обвинител да се спроведе на начин што ќе покаже институционална зрелост и јасна дистанца од какви било политички влијанија, во согласност со европските стандарди и преземените обврски“, се наведува во реакцијата.

    Оттаму додаваат дека нема да навлегуваат во оценка на поединечни кандидати, но јасно укажуваат дека одговорноста за интегритетот на овој процес е директно на Владата.

    „Очекуваме одлуката да биде јавно, детално и аргументирано образложена врз основа на однапред утврдени и мерливи критериуми. Секое отстапување од принципите на професионалност, еднаков третман и транспарентност ќе значи сериозно нарушување на довербата во постапката и дополнително ќе ја поткопа довербата во независноста на обвинителството“, се додава во соопштението од Платформата.

    Поврзани вести

    Уапсен Артан Груби утрово на граничниот премин Блаце

    23/02/2026

    Трибина за органодарителство: Трансплантацијата е врв на медицината и на човечноста

    21/02/2026

    Две фирми од Велешта затекнати со тешка механизација близу изворите кај Шум

    21/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.