Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    КУП 2026-ЖЕНИ: Четвртти трофеј за Баскет кам или прв за Крива Паланка?

    22/02/2026

    Министерството за внатрешна безбедност суспендира неколку програми за безбедност на аеродромите во САД

    22/02/2026

    Трамп ги зголеми царините на 15 отсто за увоз од сите земји

    22/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Меѓу сексизмот и сензационализмот: Каде исчезна достоинството во политичката реторика?
    Македонија

    Меѓу сексизмот и сензационализмот: Каде исчезна достоинството во политичката реторика?

    21/02/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Неодамнешното соопштение на опозициската партија СДСМ во врска со барањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нов владин авион, ги истакна долгогодишните проблеми во политичката комуникација во земјата – сексизмoт и континуираниот пад на квалитетот на политичката комуникација. Иако изјавата навидум се однесува на староста и големината на авионот, таа го пренасочува фокусот кон Сиљановска како личност, наместо кон политичките импликации на нејзиното барање, отворајќи прашања за третманот на жените во македонската политика.

    Во оригиналното соопштение на СДСМ, саркастичните коментари што го поврзуваат барањето за нов, поголем авион со физичката состојба на Сиљановска-Давкова вклучително и забелешките за „болки во колената“, една професионална одлука ја претворија во лична и родово обоена тема.

    „Но Гордана Сиљановска вели дека браќата Рајт користеле „Лир џет“. Нејзе ѝ е „стар“ авионот, па мора нов – и тоа поголем. За Мицкоски ни е јасно, купил Вучиќ нов авион, па мора и тој. Или го болат колената. Можеби и Гордата Сиљановска ја болат колената?“, пишува во соопштението на СДСМ.

    Машките политичари, како српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се споменува во соопштението, ретко се предмет на ваков вид исмејување за слични барања, што укажува на двоен стандард во политичката критика. На овој начин, дискурсот суптилно го поткопува професионалниот авторитет на жените во политиката, сведувајќи комплексни политички одлуки на лична потсмевливост.

    Осврнувајќи се на овој поширок феномен, Марта Стевковска, новинарка, авторка, феминистка и активистка за родова еднаквост од мрежата „Стела“ вели дека кога станува збор за жените во политиката, родовите предрасуди и стереотипи, вклучително и оние поврзани со возраста многу често се користат за нивна критика.

    Марта Стевковска, новинарка, авторка,
    феминистка и активистка за родова еднаквост од мрежата „Стела“. Фото: Жарко Чулиќ

    „Критиката за жените во политиката не врз основа на функциите што ги извршуваат, туку како начин за дискредитација на нивниот авторитет и компетентност. Дополнително, употребата на родово нечувствителен јазик само ги засилува нападите врз жените, таргетирајќи ги едноставно затоа што се жени. Политичките партии треба да се фокусираат на конструктивна критика на професионалната работа и одлуките на жените на функции, наместо да ги зајакнуваат штетните родови предрасуди“, вели Стевковска.

    Анализата на Стевковска укажува на системски проблем, односно на тоа дека политичката комуникација во Македонија премногу често го изедначува родот со компетентноста, создавајќи култура во која жените лидери мора да ги оправдуваат не само своите одлуки, туку и самото свое присуство во политиката. Овој образец не само што ја обесхрабрува женскаото политичко учество, туку и го пренасочува вниманието на јавноста од креирањето политики, сведувајќи сложени прашања на лична сфера.

    Проблемот оди подалеку од поединечни изјави. Според студија од 2024 година на Националниот демократски институт (NDI), во првата половина од годината биле идентификувани над 3.380 коментари со сексистички јазик насочен кон жени во политиката, посебно во предизборниот период. Овие напади се поттикнати од длабоко вкоренети стереотипи за жените во лидерски позиции и дополнително се засилени од недоволната регулација на социјалните мрежи и неуспехот на институциите да ги повикаат сторителите на одговорност. За разлика од мажите, жените лидерки често се таргетирани лично, со нарушување на приватноста и морални осуди, а нивните професионални достигнувања и способности се занемаруваат.

    Покрај родово обоените коментари, случајот со Сиљановска одразува и општ пад на квалитетот на партиската комуникација, која станува сè поагресивна и примитивна.

    Билјана Георгиевска од Советот за етика во медиумите смета дека ако до пред неколку години постоела извесна разлика, во последните години имаме состојба каде ‘малку подобриот ученик трча да го стигне полошиот’. Двата политички блока (кои комуницираат на македонски јазик) меѓусебно комуницираат со кавгаџиски, инсинуирачки, често навредлив, често дискриминаторски, но подеднакво несоодветен јазик.

    Фото: Билјана Георгиевска, лична архива

    „Како новинарка која долго време ја следи политичката комуникација во земјата, со жалење констатирам дека нивото на партискиот јазик забрзано и континуирано паѓа до ниво на примитивизам. Партиските соопштенија одамна наликуваат на ‘фрлање камења во училишен двор’, наместо обраќање кон јавноста која три децении трпеливо чека и од своите приходи плаќа за политичарите конечно да го подобрат квалитетот на животот во земјата“, вели Георгиевска.

    „Да не беше ова редовно пренесувано од медиумите, штетата можеби ќе беше помала, но со обезбедување платформа и практично ширење на оваа политичка некултура, без професионална новинарска интервенција или провокација, искрено жалам за почетната позиција на идните политички активисти во земјата“, додава таа.

    Георгиевска укажува на подлабок структурен проблем: политичките партии сè почесто го ставаат во преден план меѓусебното напаѓање наместо решавањето на реалните проблеми на граѓаните, користејќи навредлив и дискриминаторски јазик како алатка за политичка комуникација. Кога на тоа ќе се додаде родово обоена омаловажување, се создава политичка средина која е непријателска кон жените и корозивна за демократскиот
    дискурс.

    Соопштението на СДСМ покажува како суптилниот сексизам, онлајн нападите и опаѓањето на комуникациските стандарди во македонската политика се пресекуваат, создавајќи токсична средина за жените лидерки и сведувајќи го јавниот дискурс на потсмев. За демократијата да напредува, политичките партии мора да дадат приоритет на професионалноста, правичноста и инклузивноста, осигурувајќи дека критиката е насочена кон одлуките и политиките, а не кон личните карактеристики или родот.

    Пишуваат: Деспина Ковачевска, Фјола Златку 

    Поврзани вести

    Трибина за органодарителство: Трансплантацијата е врв на медицината и на човечноста

    21/02/2026

    Две фирми од Велешта затекнати со тешка механизација близу изворите кај Шум

    21/02/2026

    Еден тон „здрава“ храна што се чувала во нечистотија и имала истечен рок заврши на уништување

    21/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.