Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Вардар домаќин на Башкими, Талески јасен: Сакаме „три од три“!

    21/02/2026

    Клоп има една голема желба, ама таа не е Реал Мадрид!

    21/02/2026

    Овие хороскопски знаци работат повеќе отколку што се платени

    20/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Сиљановска: На македонските граѓани не им се потребни сожалувања, туку решенија
    Политика

    Сиљановска: На македонските граѓани не им се потребни сожалувања, туку решенија

    20/02/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Посочувајќи на европскиот историски и културен континуитет на Македонија, симболично претставен и во мозаиците на Глигор Чемерски, Сиљановска‑Давкова нагласи дека Западен Балкан е недостасувачкиот дел од европскиот мозаик.

    „Мојата земја, заедно со Западен Балкан, се делот којшто недостасува во европскиот мозаик. Без нас не само што Европската Унија не е целосна, туку е и ранлива, изложена на ризици“, истакна Сиљановска‑Давкова.

    Осврнувајќи се на актуелните геополитички околности претседателкат порача дека Унијата не смее да дозволи создавање нови идеолошки и политички бариери, кои го држат регионот во состојба на неизвесност и го прават подложен на влијание од трети актери. Таа додаде дека забавеното проширување создава ризици не само за Западен Балкан, туку и за европската безбедност.

    „Нашата порака е јасна. Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија. Нашите ранливи точки се ранливи точки на Европа“, порача Сиљановска‑Давкова.

    Претседателката потсети на долгогодишните напори на државата – 25 години од Договорот за стабилизација и асоцијација, 21 година кандидатски статус, позитивни извештаи на Европската комисија, усогласување со европското законодавство и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ – нагласувајќи дека, и покрај бројните компромиси, државата останува блокирана.

    „Наместо господинот Годо, кој никако да дојде, нам ни е потребен нов господин Европа или госпоѓа Европа, нов Паневропеец или Паневропејка што ќе ја заокружи визијата започната пред повеќе од еден век“, истакна таа, повикувајќи ги присутните претставници од земјите членки да продолжат да ја поддржуваат македонската европска перспектива.

    Австрискиот амбасадор во Македонија, Мартин Памер, во своето обраќање се осврна на предизвиците на проширувањето и на потребата од реална одговорност и волја и во Унијата и во земјите кандидати.

    „Оваа конференција претставува почетокот на иднината на земјите од Западен Балкан, овој пат посветена на глобалните предизвици што може да се постават, да не посочи на неопходноста да се придвижиме на двете страни и тоа помеќу земјите членки но и кај кандидатите. Со тоа ќе потврдиме каква е реалноста, само што споменавме некакви реалности, но јас овдека би сакал да се спротивставам на нешто што го рековте, не е ниту политички процес, ниту административна постапка. За мене тоа е извесно и веќе 20 години тоа е процес на интегрирање на југоисточна Европа кој што трае со делумни постигнувања, грешки и неуспех. Како и да е останува незавршен процес“, рече Памер.

    Тој ја поздрави постигнатата динамика во Црна Гора, оценувајќи дека ќе биде следната земја членка на ЕУ, но додаде дека целиот регион сè уште се соочува со „незавршен и нецелосен процес“.

    Амбасадорот посочи дека постојат структурни слабости и во Унијата и во земјите кандидати.

    „Има една една изрека, Европа сака да се прошири, а вие да се реформирате – но оваа формула е тешко да ја исполнат двете страни“, истакна Памер.

    Тој посочи дека процесот е амбивалентен и дека одговорност има и во ЕУ и во земјите од регионот.

    Амбасадорот предупреди дека преголемото политичко условување од поединечни земји-членки и „ирационалната билатерализација“ ја поткопуваат суштината на европскиот проект.

    Тој додаде дека Австрија е долгогодишен и искрен поддржувач на европската интеграција на Македонија и посака успех на државата во реформскиот процес.

    null

    Претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, на отворањето на конференцијата рече дека годинава се очекува да биде една од најдинамичните во поглед на европските интеграции, со засилени активности и растечки интерес од европските партнери, но и со многу отворени прашања околу идниот модел на проширување.

    Лепавцов истакна дека тековниот циклус на настани посветени на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан е интензивен и охрабрувачки, додавајќи дека конференцијата во Скопје доаѓа непосредно по друг форум посветен на проширувањето, организиран од Асоцијацијата на Европската Унија.

    „Среќен сум што нашата идеја се реализира и што денеска сме тука, заедно со претседателката и нашиот меѓународен претседател, да разговараме за теми кои оваа година сериозно ќе нè ангажираат“, истакна Лепавцов, издвојувајќи ги трите главни теми, проширувањето, економската отпорност и регионалната соработка.

    Тој потенцираше дека економијата станува сè поважен фактор во услови на глобални турбуленции, а регионалната соработка е „критична“ за земјите од Западен Балкан.

    МИА

    Поврзани вести

    Николоски: Решение за македонските превозници ќе има

    20/02/2026

    Девојката-борец од Македонија – препознаен посебен македонски идентитет во САД во 1905 година

    20/02/2026

    Мицкоски: Можно членство во ЕУ без право на глас од 2027

    19/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.