Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Круз Бекам го прослави својот 21-ви роденден, брат му Бруклин не беше на забавата

    18/02/2026

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Улогите по кои ќе го паметиме Роберт Дувал

    17/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државава
    Политика

    Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државава

    16/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Повторно тоа е обид за дефокус и да се избегне одговорот на вистинското прашање – Како пет тони марихуана, четири-пет шлепери поминале преку граница и завршиле во Србија? Со кој е таа фирма што е наведена во документ на српското обвинителство и дали е поврзана со некои луѓе од сегашната власт? Како поминала на полициска контрола и на царинска контрола на граница? Се друго е дефокус, рече Филипче на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање за поврзаноста со фирмата за марихуана.

    Според него, во изминатиот период поединци од партијата биле изложени на лажна кампања и на притисоци и додаде оти го поврзувале со многу работи со кои тој немал допир.

    Претседателот на СДСМ обвини дека сегашната власт контролира голема мрежа на медиуми, не само сега туку, како што рече, во изминатите повеќе од 10 години.

    „Над 40 отсто од медиумите се во таа мрежа, телевизии, портали итн.и тоа се медиуми кои создаваат антиевропски наратив, кои подгреваат национализам и не нè водат никаде“, рече Филипче, кој ги отфрли обвинувањата за случаите со Жан Митрев, Дубаи, со модуларната болница во Тетово… Додаде дека не е изненаден од „системот на медиумската хајка и лажни вести, лажна кампања“.

    За обвинувањата за модуларната болница во Тетово и за сведочењето на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, Филипче рече дека таа поранешна обвинителка била суспендирана пред да се случи пожарот во Тетовската болница и пред ковидот.

    „Дали би го земале за релевантно ако помеѓу сите работи што ги изнесе на таа емисија, која гледаме како е поставена и која е целта, кажа дека Груевски бил во право кога викал дека снимките се сечени и лепени. Тоа е концептот – лажни обвинувања, лажна црна кампања“, рече Филипче.

    За комисијата која се подготвува за сите несреќи, Филипче рече сè уште дискутираат во рамки на пратеничката група кој ќе биде во неа и дека се уште немаат имиња, ама ќе ги поднесат. Упати прашање зошто претседателот на Собранието, Гаши не дава формално барање да се дадат членови за комисијата и дали има намера да закаже средба на комисијата.

     

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.