Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Гаши: Најавената реконструкција на Владата, не се поврзува со процесите во Вреди
    Македонија

    Гаши: Најавената реконструкција на Владата, не се поврзува со процесите во Вреди

    16/02/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Гаши потврди дека овој свој став го изнел на денешната редовна координативна средба во Собранието по минатонеделната преписка на социјалните мрежи помеѓу пратениците Димитар Апасиев од Левица и Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Го иницирав прашањето на дигнитетот и етичкиот кодекс во врска со начинот како се однесуваме како пратеници и во Собранието и надвор од него и ги замолив координаторите да им укажат на сите пратеници да бидеме сите повнимателни едни кон други, а исто и кон граѓаните, затоа што во односот што го имаме ние еден наспроти друг, честопати го уриваме и нашиот личен дигнитет, но и на Собранието“, рече Гаши.

    Политичките ставови, додаде тој, може да ги искажеме на говорница, каде што сакаме јавно, но не мора, да се понижуваме на таков начин едни со други.

    На новинарски прашања Гаши информира дека пратеничките групи, освен Левица, сè уште немаат доставено предлози за членови за анкетната комисија за Кочани и за другите несреќи. Што се однесува до процедурата, рече претседателот на Собранието, сè е почитувано. Иако најавија, до петокот СДСМ не доставил имиња за членови на анкетката комисија.

    „Можеме да зборуваме на координацијата и за ова“, рече претседателот на Собранието.

    Иако беше најавено дека до крајот на јануари ќе се состане и работната група за Изборниот законик, досега немало состанок.

    В среда Собранието ќе ја одржи 85-та седница, на која ќе бидат констатирани оставките на Марко Бислимовски, претседател на РКЕ, и на Цвета Ристовска, членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, а се очекува Гоце Наумовски да биде избран за нов уставен судија. На оваа седница би можел на дневен ред да биде ставен и законот за минимална плата, што го предложи СДСМ, но, како што рече Гаши, тој сè уште се проверува и оти еднаш веќе беше вратен на доработка. Пред почетокот на работата на пратениците по точките од дневниот ред в среда, ќе се одржат опозициските прашања до премиерот и до министрите.

    Гаши информира дека седницата за пратенички прашања е закажана за 26 февруари, како и дека на 5 март ќе се одржи седница посветена на Денот на жената – 8 Март, на која се очекува да присуствува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

    Запрашан за позициите на Алтернатива во врска со обединувањето на Вреди во еден политички субјект, Гаши, кој доаѓа од оваа политичка партија, рече дека актуелниот претседател на партијата, Беким Сали, кој воедно е и вицепремиер за евроинтеграции, има негова целосна поддршка. Гаши посочи дека нивниот став е дека обединувањето на Вреди во политичка партија треба да биде засновано врз принципите на рамноправност и консензуално одлучување, без да одговори дали во Алтернативата се согласни на процентуалните поделби во органите на партијата и во власта, што се посочуваат во медиумите. Според него, во Алтернативата повеќе се разговара за принципите и за што ќе се залага Вреди, за програмата…, а не за тоа кој ќе биде претседател на партијата. Тој е дециден дека Вреди треба да оди кон окрупнување и дека албанскиот блок треба да се стабилизира и да има два блока, како во македонскиот, и оти се бара најдобриот начин како да се направи тоа. Најавената реконструкција на Владата, вели Гаши, не се поврзува со процесите во Вреди.

     

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Околу пет тони марихуана запленети во Србија, а истата била набавена во Македонија

    Пит Хегсет го отпушти Џон Фелан, секретарот на морнарицата на САД по внатрешни борби во Пентагон

    Кои хороскопски знаци природно не се поднесуваат?

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.