Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Круз Бекам го прослави својот 21-ви роденден, брат му Бруклин не беше на забавата

    18/02/2026

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Улогите по кои ќе го паметиме Роберт Дувал

    17/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Мисајловски: Го поздравуваме тоа што го прави претседателот Трамп за мирот
    Политика

    Мисајловски: Го поздравуваме тоа што го прави претседателот Трамп за мирот

    16/02/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Мисајловски рече дека планот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп е за поздравување, бидејќи веќе четири години во Украина гинат луѓе.

    „Ние го поздравуваме ова што го прави американската администрација, претседателот Доналд Трамп бидејќи само со оваа иницијатива може да се стигне до мир, затоа што веќе четири години гледаме како во Украина, за жал, гинат луѓе“, рече министерот Мисајловски.

    Тој за средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција рече дека имале интересна средба при што биле отворени повеќе прашања, и на кој начин може да се помогне, притоа додавајќи дека Македонија има помогнато многу како сега, така и во минатото.

    „Се отворија многу теми, но се разбира поддршката што ја даваме не е мала, како сега, така и во минатото. Моментално што се случува на бојното поле, што се следните чекори, што очекуваат властите во Украина, бидејќи секој ден имаме многу ракетни напади, особено во Киев и други градови, снемува струја, гинат луѓе, и како секоја земја членка на НАТО се отвора прашањето како може да се помогне. Ние веќе многу сме помогнале, но дополнително треба да гледаме како да го обновиме тоа што претходно е дадено и истовремено да бидеме лојален партнер и да имаме стратешки пријатели“, појасни Мисајловски.

    Нашата земја има стратешки пријатели во НАТО и надвор од НАТО вели министерот Владо Мисајловски. „Имаме стабилна и безбедна ситуација што е многу важно за една целосна безбедносна слика“, потенцираше Мисајловски.

    Тој нагласи дека Македонија дава историски придонес во безбедноста, што е признаено од НАТО, вклучувајќи ги и проектите на Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и други институции што работат на сајбер безбедност и дигитална трансформација.

    „Македонија е меѓу првите земји кои го достигнаа прагот од 2 отсто од БДП за вложување во одбраната и дека тоа е можеби најважното прашање на министерските состаноци во НАТО. Шпанија е една од поголемите земји, навистина има потешкотии. Некои земји мораат да се откажат од многу работи во своите влади, каде што им се намалува рејтингот поради тие причини… Мораме да гледаме што се случува на глобалната слика, да гледаме дека секоја една земја сè повеќе и повеќе се наоружува и ние мораме постојано и арсеналот, и опремата, и муницијата, и нови, би рекол, оружја да купуваме следниот период, и тоа ќе го правиме“, рече Мисајловски.

    Регионот на Западен Балкан, вели, е традиционално подложен на бројни влијанија и хибридни влијанија, затоа, нагласи, на секој состанок во Брисел и Минхен ја отвора темата за безбедноста на регионот.

    Според него, стратешките партнери и поголемите земји помалку гледаат на оваа точка и оцени дека мисијата во КФОР полека може да ослабне, но дека затоа земјите од регионот ја креваат важноста на оваа тема.

    „Секогаш ја отворам темата за регионот Балкан, би рекол Западен Балкан, она што се случува со нашата мисија, особено во КФОР, нашите припадници што се таму, колку е важно да продолжи таа мисија… Ние како институција, односно Министерството за одбрана и Армијата, можеби сме најдобар пример како имаме однос со сите соседи, зборувам во делот на она што е директно преговарано и разговарано, меѓусебно помагање, дали се работи за некоја непогода, дали се работи, еве, за трагедија, секогаш соседите ни помагаат, апсолутно и ние на нив“, рече Мисајловски.

    Говорејќи за европските интеграции, Мисајловски рече дека на последните форуми можеше да се слушне од канцеларот на Германија и од останатите европски лидери дека процесот на проширување премногу трае и дека некои земји треба час поскоро да влезат.

    Мисајловски истакна дека една од главните теми во ЕУ е одбранбената политика, вклучително и идејата за заедничка армија и заедничка безбедносна политика.

    „Ние, да сме внатре во ЕУ, многу други мерки ќе можеме да ги користиме. Да се пофалиме и како држава, сме искористиле доста средства од Европскиот мировен фонд, односно директно од ЕУ. Зборувам за над 50 милиони евра, што директно ќе влезат во нова опрема, многу различна опрема што ни помага во овој период“, изјави Мисајловски.

    Министерот нагласи дека на секој состанок го отвора прашањето за поврзување на интеграциите со заедничката безбедносна и одбранбена политика, бидејќи, според него, Македонија е усогласена со таа политика.

    Мисајловски оцени дека Македонија има добра безбедносна состојба врз основа на дневните брифинзи од различни институции и сублиматот за борбената готовност.

    „Од дневните брифинзи што ги добиваме од различни институции, но и сублиматот за нашата борбена готовност, врз основа на тие аргументи, јас можам во тој период, се разбира и сега, да кажам дека ние имаме добра безбедносна состојба во државата“, рече министерот.

    Тој предупреди дека треба да се внимава со некои прокси елементи и различни ќелии, додавајќи дека безбедносните служби одлично ја вршат својата работа. Говорејќи, пак, за влијанијата од Русија и Кина, Мисајловски рече дека има доста сајбер закани и хибридни закани, вклучително и неконвенционални закани со економска и политичка моќ.

    Министерот цени дека ова прашање ќе биде едно од актуелните во наредните десетина години, вклучително заедно со вештачката интелигенција, посочувајќи дека Армијата е можеби најдобрата институција во државата во делот на сајбер безбедноста и хибридните напади.

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.