Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, утрово на своите социјални мрежи ТикТок и Инстаграм објави видео и неколку сториња како го прикажува својот скапоцен автомобил „Брабус“ како е запален пред својот дом.
Запалениот автомобил се запали пред зграда во луксузната населба „Белград на Вода“, каде што веќе долги години таму и живее Богдан Илиќ.
Јутјуберот на своето комично видео објавено на ТикТок се потсмева и вели дека сака да го продаде поради тоа што повеќе не му е потребно.
Српското МВР сè уште немаат дадено официјална изјава за кој стои зад ова дело.

