Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Матиќ: Го почитуваме Арисими! Ислами: Да покажеме карактер против Вардар!

    11/02/2026

    Концерт на Рита Ора во Охрид

    11/02/2026

    Се рушат дискотеките во Градски парк, се подготвува теренот за новиот Луна парк

    11/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Преку оглас за 1 милион марки најдени келнерот и масерот на атентаторите на Глигоров
    Политика

    Преку оглас за 1 милион марки најдени келнерот и масерот на атентаторите на Глигоров

    10/02/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Повод за оваа научна конференција, дури и по три децении од настанот, од кој ни „оштетениот сведок“, односно претседателот Глигоров, веќе 14 години не е меѓу живите, е тоа што едно од најтешките прашања од поновата македонска историја и понатаму останува без одговор.

    Овој настан има цел да отвори јавна, аргументирана и научна дебата. Конференцијата има цел да ја продолжи дебатата за атентатот што ја потресе Македонија и остави трајни последици врз нејзиниот политички и безбедносен развој. Конференцијата би требало да одговори на четирите клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот?; кои се можните нарачатели и извршители?; дали можеше и зошто не беше превениран атентатот?

    Зошто државните органи во изминатите три децениии не дадоа одговор на овие прашања?

    Најголем дел од учесниците на трибината се согласија дека мотивите за атентатот биле од политичка природа, но не беа исклучени и лукративно-криминални мотиви  поврзани со почетокот на приватизацијата во тој период, како и организираниот шверц (главно на нафта) во времето кога Србија беше под ембарго од ОН од 1992 до 1995 година. Нарачателите се лоцираат во најголема мера во странски (соседски) политичко–криминални структури, но беше посочено дека и некои домашни политички актери имале интерес од создавање на контролирана нестабилност во Македонија и воспоставување доминација на внатрешни антимакедонски структури.

    Беа повторени констатациите за многу пропусти во истрагата, од тоа дека не било полициски обезбедено местото настанот веднаш по инцидентот, односно атентатот; до тоа дека експлозивот со кој е извршен атентатот бил претходно украден од магацините на АРМ и МВР, а за тоа биле запознаени претходно тогашните надлежни, но го скриле од јавноста и не презеле истрага кога била откриена кражбата.

    Поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков изнесе интересно сведоштво дека правната постапка за атентатот, односно обвинителска истрага, била отворена дури 4-5 години по настанот. До тогаш имало само белешки од полициската истрага. Претседателот Глигоров првпат дал исказ како оштетен сведок, жртва на кривичен настан во 2001 година, по што се приклучил на кривичниот прогон. Во таа истрага бил сослушан целиот државен врв, кој во 1995 година бил носител на највисоките функции, како претседателот на Собранието, Стојан Андов, тогашниот премиер Бранко Црвенковски, како и министерот за внатрешни работи – Љубомир Фрчкоски, но и носители на високи функции во секторите на МВР – Павле Трајанов и Слободан Богоески.

    Во однос на пропустите во истрагата, интересни сознанија на трибината изнесе некогашниот член од тимот за обезбедување на претседателот Глигоров, главниот инспектор Зоран Додевски. Тој се потсети дека како служба биле професионално и лично погодени од настанот, што воопшто дозволиле да се случи. Подоцна, кога самиот излегол од служба во МВР, во една на некој начин лична истрага стигнал до лица што подолг период пред атентатот биле речиси во секојдневен контакт со атентаторите.

    Додевски посведочи дека читајќи ги писмените искази што пристигнале во МВР (а подоцна и во кабинетот на Глигоров, како поранешен претседател) по објавениот оглас за информации за атентатот, со ветена награда од 1 милион марки – стигнал до келнер од ресторанот „Победа“ и физиотерапевт, кои посведочиле дека атентаторите се подготвувале за тоа најмалку три месеци порано.

    Келнерот од ресторанот „Победа“ се сеќавал дека тројца-четворица исти луѓе што говореле на српски јазик, три-четири месеци пред атентатот речиси редовно пред 9 часот доаѓале во ресторанот и кога колоната возила со претседателот ја минувала рутата до Собранието (каде што беше претседателскиот кабинет), еден од нив излегувал од ресторанот и го мерел времето на минување со стоперка. Потоа со другите во ресторанот запишувале и анализирале. Во попладневните часови, кога претседателот Глигоров се враќал од работа, келнерот истите луѓе ги гледал во ресторанот отспротива „Букет“, каде што ги изведувале истите активности.

    Исто така, меѓу оние што се пријавиле со сведоштво за контакти со атентаторите бил и еден физиотерапевт, кој повремено бил ангажиран од атентаторите за време на нивниот неколкумесечен престој во Скопје, додека го подготвувале нападот.

    Додевски и денес е зачуден како толку лесно достапни сведоштва и докази биле пропуштени во истрагата. Од исказите на тие двајца сведоци, препознаени се двајца од извршителите – едниот како шеф на новосадското подземје, а друг како еден од првите луѓе на тогашното белградско подземје.

    Актуелниот национален координатор за борба против тероризам, Павле Трајанов и поранешен министер за внатрешни работи, посведочи дека во времето на акцијата „Сабја“ во Србија, по атентатот на нивниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кога биле отворени повеќе документи, од македонска страна бил побаран пристап до документација што можеби би открила нешто за организацијата на атентатот на претседателот Глигоров – но не добиле позитивен одговор.

    Од научната конференција беше испратена порака дека истрагата за атентатот врз претседателот Глигоров не смее да се затвори без одговори, иако беа изнесени мислења дека тие можеби ќе се добијат кога сите актери вклучени на каков било начин во настанот – нема да бидат меѓу живите. Сепак, беше упатена и порака за иницијатива до актуелната претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, да организира меѓународна конференција на која би се барале одговорите за атентатот врз претседателот Глигоров, но и за авионската трагична несреќа на претседателот Борис Трајковски.

    Ј.П.

    The post Преку оглас за 1 милион марки најдени келнерот и масерот на атентаторите на Глигоров appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Уште една забрана за регистрација на македонска организација на судот во Благоевград

    11/02/2026

    Mакедонска делегација во Париз: Охрид да го зачуваме како еден од најзначајните културно-историски простори

    09/02/2026

    Министерот Филков до вицепремиерот Сали: Во правосудството за сите е неопходно активното познавање на македонскиот јазик

    09/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.