Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Министерот Филков до вицепремиерот Сали: Во правосудството за сите е неопходно активното познавање на македонскиот јазик
    Македонија

    Министерот Филков до вицепремиерот Сали: Во правосудството за сите е неопходно активното познавање на македонскиот јазик

    09/02/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Реакцијата на Филков ја пренесуваме во целост:

    „Токму затоа, во врска со изјавите на вицепремиерот Беким Сали за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, чувствувам обврска јавно, јасно и недвосмислено да реагирам, во интерес на Уставот, правниот поредок и институционалната сериозност на државата.

    Првенствено, Уставот мора да се почитува и не смее да биде предмет на слободни и дневнополитички интерпретации. Токму тоа го потенцирав и на последната средба за Реформската агенда.
    Но, почитувањето на Уставот подразбира цело, системско и доследно читање на уставните и законските одредби, а не нивно селективно вадење од контекст за краткорочни политички пораки.

    Го разбирам вицепремиерот Беким Сали како стоматолог, и како политичар кој допрва ја запознава материјата на европските интеграции и правосудните реформи. Но, потенцирам, државата не функционира по принцип на лична проценка, професионален рефлекс или политички впечаток. Одлуките не се носат по чувство, туку по Устав и закон.

    Во правниот систем не постои категорија „има или нема волја“. Постојат уставни норми, законски решенија и институционални процедури. Сѐ друго е опасна поедноставеност што ја поткопува правната држава и ја враќа праксата на произвол, од која за жал, Македонија скапо плати во минатото.

    Имено, Министерството за правда ја разгледа петицијата поднесена од студентите во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, при што внимателно се анализирани сите релевантни уставни и законски одредби.

    Законот за употреба на јазиците овозможува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во постапките пред институциите, но неговата примена не може да се разгледува изолирано од другите системски закони што го уредуваат функционирањето на правосудството. Правосудниот испит претставува клучен предуслов за влез во судството, јавното обвинителство, адвокатурата, нотаријатот и извршувањето, при што сите овие закони експлицитно предвидуваат услов за активно познавање на македонскиот јазик.

    Полагањето на правосудниот испит на македонски јазик е во директна функција на проверка на таа јазична и стручна подготвеност, имајќи предвид дека сите постапки, одлуки и службени акти во правосудниот систем примарно се водат и донесуваат на македонски јазик и кирилско писмо, согласно Уставот и законите.

    Согласно член 7 од Уставот на Република Северна Македонија (Амандман VI), на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Уставната одредба јасно утврдува и дека употребата на друг службен јазик е дозволена под услови и на начин утврден со Устав и закон, без притоа да се дерогира уставната позиција на македонскиот јазик како примарен службен јазик. Дополнително, Законот за правосудниот испит не содржи одредби за полагање на правосудниот испит на друг јазик освен македонскиот јазик.

    Согласно член 1 став (1) од Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Северна Македонија‘‘ бр.7/19), на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

    Според став (2) од истиот член, друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

    Според ставот (2) од истиот член, во согласност со правото на граѓаните да употребуваат кој било од наведените службени јазици од членот 1 став (1) и (2) од овој закон во судските, управните, извршните постапки, предистражните и истражните постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, постапка за извршување на санкции, како и другите постапки предвидени со други закони. Судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции се обврзани да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици од членот 1 став (1) и (2) и нивните писма во тие и други постапки.

    За Законот за употреба на јазиците се произнесе и Венециската комисија, а во момнетов до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Имено, според Венециската комисија Законот содржи повеќе нејаснотии во однос на неговото значење и опсег. Не е секогаш јасно кои одредби од Законот се однесуваат само на албанскиот јазик, кои се однесуваат и на други јазици на заедниците (турски, српски, босански, влашки, ромски итн.), и кои правни субјекти се опфатени со Законот. Оваа текстуална нејаснотија дополнително ќе ја отежни примената на Законот. Затоа, Комисијата го повикува законодавецот повторно да го разгледа Законот за јазиците и притоа, да ги земе предвид, во консултација со сите засегнати страни, особено следните препораки:цда се напуштат одредбите од Законот што се однесуваат на двојазичноста во судските постапки и да се преземат неопходните мерки за да се обезбеди ефективна примена на јазичните барања од Законот за јазици од 2008 година во судските постапки.

    Затоа, тезата дека Министерството за правда ‘нема аргументи’ е неточна и политички мотивирана. Аргументите се јасни, уставни и законски. Она што недостасува во изјавите на вицепремиерот е почит кон правниот систем како целина.

    На крај, дозволете ми, да упатам порака до г-динот Сали.

    Почитуван колега,

    Уставот не е тема за телевизиски емисии, ниту алатка за политички наративи, а правосудството не смее да биде заложник на ничија агенда. Оваа Влада има за цел да воспостави ред по години институционален распад, да спроведе реформи, а не да произведува конфликти. Кој сака политика, нека ја води на избори, но кој носи функција во правната држава, мора да ги почитува Уставот и законите.

    Сѐ друго е притисок. И тоа нема да помине“, пишува во реакцијата на минитерот за правда Игор Филков.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото/Видео) Таа носи најскап накит, но дали овој фустан беше навистина неопходен?

    Касами: Народот гласаше за промени, ДУИ треба да се реформира

    Постигнат договор за платите на административците меѓу Владата и синдикатите – покачување од 40 отсто за 11.000 вработени

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.