Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Рашфорд нема да се врати во Јунајтед, кој пак нема да прави компромиси околу цената!

    07/02/2026

    Легенда на МЗТ Скопје ќе го предводи Гостивар

    07/02/2026

    Велика Британија се заканува дека ќе заплени танкер поврзан со Русија во ескалациски потег

    07/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Дебата: Трагедиите во романски „Колектив“ и македонски „Пулс“ како поука за властите
    Македонија

    Дебата: Трагедиите во романски „Колектив“ и македонски „Пулс“ како поука за властите

    06/02/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На дебата посветена на извлекување поуки од трагедиите со пожари во ноќни клубови, како оние во клубот „Колектив“ во Букурешт и „Пулс“ во Кочани, претставници од Романија и од Македонија ги споделија искуствата со кои се соочиле и начините на кои институциите одговориле по несреќите. Фокусот на настанот беше ставен на солидарноста, институционалната подготвеност и градењето поефикасни системи за итна реакција.

    Настанот насловен како „Букурешт – Кочани: Заздравување преку обединетост – научени лекции и патот кон закрепнувањето“ го отвори амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, кој порача дека процесот на опоравување мора да се води заеднички и потсети дека и земјите членки на ЕУ имаат зад себе тешки искуства со пожари и масовни несреќи.

    „Ваквите настани се момент кога треба да се идентификуваат слабостите во системите, да се зајакнат капацитетите и да се обезбедат ресурси за поефикасно справување со идни кризи“, рече Рокас.

    Обраќање имаше и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте која истакна дека целта на дебатата не е наметнување на романскиот модел, туку размена на пристапи и заедничко учење од кризите.

    „Тука сме за да ја споделиме нашата перспектива и начинот на кој во Романија успеавме да изградиме интегриран систем што придонесува за спасување на милиони животи“, укажа Аксинте, додавајќи дека во Романија околу осум милиони луѓе годишно се соочуваат со итни случаи.

    Државниот секретар за цивилна заштита при Министерството за внатрешни работи на Романија, Д-р Раед Афрат имаше своја презентација преку која детално ги спореди двете несреќи предизвикани од пожари. Тој напомена дека поводот за несреќата која се случи во ноќен клуб во Романија во 2015 година, исто така беше употребата на пиротехнички средства, а дополнително фатална беше лесно запаливата полиуретанска акустична пена.

    „Стануваше збор за вонредна ситуација од големи размери. Во првиот ден починаа 27 лица при што не беа сите индетификувани, тројца вториот ден, десет на седмиот ден. Вкупно имаше 64 починати и 188 повредени“, рече тој.

    Клубот „Колектив“ сместен во стара фабрика во Романија работел со затворен излез за евакуација, без соодветна дозвола за противпожарна заштита, а во просторот кој е предвиден за 80 луѓе, имало 400, раскажа Афрат поврзувајќи ја сличноста со клубот „Пулс“ во Кочани.

    „Могумина од преживеаните се здобиле со изгореници на главите кога паднала полиретанскиот акустичена пена од покривот“, изјави тој.

    Она што дополнително го отежнало спасувањето е непостоењето на Европскиот механизам за цивилна заштита во тој момент кој овозможува меѓународен брз и координиран трансфер на пациенти, како и распределба на ресурси во рамки на Европската Унија. Афрат направи паралела и со пожарот во Кран-Монтана, каде бил активиран механизамот, што овозможило подобар институционален пристап.

    Позитивно за романското искуство, е отворањето на посебна телефонска линија преку која блиските на повредените можеле каде и во каква состојба се. Дополнително Афрат се осврна на вклучувањето на т.н., „Црвен план“, национален протокол за итни состојби што се активира при катастрофи со повеќе жртви, со цел брза мобилизација на медицински и спасувачки служби за спасување животи. Во медицински возила, каде може да се сместат и до четворица, сите преживеани биле транспортирани до болниците.

    „Во најкраток рок, на терен беа испратени 42 амбулантни возила и 168 пожарникари, како и 56 лица од Итната медицинска помош. Ова беше можно бидејќи Букурешт располага со голем број тимови, за разлика од помали градови. За час и половина, последниот пациент беше евакуиран. Полесно повредените, кои можеа да одат, самите се упатија кон болниците“, потенцираше Афрат.

    Најтешката фаза, како што истакна Афрат, била транспортирањето на критично повредените пациенти, додавајќи дека постоел голем притисок од семејствата и медиумите за итен транфер дури и кога лекарите не се согласувале.

    „Притисокот да се изнесат пациентите од земјата беше огромен, иако постоеше ризик некои да не преживеат. Загубивме тројца пациенти, еден почина уште при полетување на авионот. Тоа не беше најдобрата одлука, а вкупно префрливме 44 пациенти“, рече Афрат.

    Тој се осврна на моментот дека во периодот што следувал по трагичниот пожар биле проширени многу дезинформации и лажни вести, меѓу кои и дека телата на настраданите се криеле во вреќи. Потоа, како што додаде падна и Владата во Романија.

    Кон крајот, како што кажа Афрат, битни се три лекции во вакви ситуации: функционален систем за итни повици и тимови подготвени за брза реакција, што подразбира силна координација меѓу институциите; воспоставување интегриран меѓународен механизам за заштита и трансфер на преживеани; како и јасна соработка со граѓанскиот сектор и медиумите, со цел да се спречи ширење дезинформации и лажни вести во чувствителни и трауматични моменти.

    На завршницата на дебатата, швајцарскиот амбасадор во Северна Македонија, Кристоф Зомер, упати неколку пораки. Тој нагласи дека вакви несреќи можат да се случат во секое време и на кое било место, укажувајќи дека одговорност ја делат и институциите што дозволуваат работење на објектите без целосно исполнети безбедносни критериуми. Тој посочи и на солидарност како клучна врска меѓу државите што веќе поминале низ слични трагедии и оние кои се соочуваат со нова криза.

    Поврзани вести

    Јаневска: Очекувам студиските програми со по 2-3 студенти да се самоукинат или ќе бидат затворени по сила на закон

    06/02/2026

    Мицкоски: Владата се фокусира на Реформската агенда, избори годинава нема да има

    05/02/2026

    Ревизорите откриле загрижувачки пропусти во работата на владината Служба за општи и заеднички работи

    05/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.