Екипата на Гостивар оваа сезона игра под сите очекувања, а за тоа говори и самиот факт дека се наоѓа на претпоследното место на табелата во Супер-лигата. Клубот од пред некој ден е во рацете на Општината, што пак влева надеж дека може да го подигне нивото.
Пред 15. коло дојде до промени на клупата. Александар Петровиќ повеќе не е тренер на тимот, а се очекува неговото место да му припадне на Перо Блажевски, кој после долго ќе води еден тим.
Последен пат Блажевски беше предводник на вториот тим на МЗТ Скопје, во периодот од 2021 до 2022 година.
Тој ќе дебитира денеска против тимот каде важи за голема легенда, а тоа е актуелниот првак МЗТ Скопје, мечот е закажан со почеток во 18 часот.

