Во понеделник, во Белград се одигра 17-то коло од АБА лигата помеѓу КК ФМП Белград и КК Борац Чачак, а најголемо внимание привлече еден детал од 33-тата минута од натпреварот. Според многумина овој момент е еднаков на „обид за убиство“ и далеку од спортски.
Џошуа Скот од ФМП без да размислува во налет сакеше да го блокира младиот Петар Радовиќ, кој незгодно падна. Сликата е навистина застрашувачка.
Моментот можете да го погледнете во видеото подолу.

