Илјадници навивачи ја пречекаа хрватската ракометна репрезентација на Плоштадот бан Јосип Јелачиќ во Загреб, откако на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска освоија бронзен медал. Хрватските ракометари пристигнаа на бината предводени од селекторот, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон, кој и во славјето се покажа како човек со многу таленти.
По завршувањето на славјето, ракометарите и нивниот селектор Сигурдсон ја продолжија прославата во порелаксирана атмосфера во еден загрепски ресторан. Во еден момент Сигурдсон ја земја гитарата и му се придружи на бендот.
Моментот можете да го видите ТУКА.

