Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Роналдо во војна со Саудијците: Нема да го игра денешниот меч со Ал Ријад!

    02/02/2026

    Сите добитници на наградите Греми за 2026 година

    02/02/2026

    Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

    02/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Околу пет тони марихуана запленети во Србија, а истата била набавена во Македонија
    Регион

    Околу пет тони марихуана запленети во Србија, а истата била набавена во Македонија

    01/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Заплената на околу пет тони марихуана во Србија отвори сериозна истрага за меѓународен криминален ланец во кој, според српските обвинителни органи, дрогата била набавена на територијата на Северна Македонија, а потоа транспортирана и складирана во Србија за понатамошна дистрибуција.

    Српскиот суд одреди притвор за три лица, за Н.С., Р.С. и И.Д. осомничени за неовластено производство и трговија со наркотични дроги. Притворот е изречен поради опасност од влијание врз сведоци, можност за повторување на делото и ризик по јавниот ред. Истовремено, Обвинителството за организиран криминал распиша домашна и меѓународна потерница по Александар Мијајловиќ, кој се посочува како организатор на криминалната мрежа и кој, според информациите, е во бегство.

    Според официјалните податоци, дрогата била набавувана во периодот од почетокот до крајот на јануари 2026 година во Северна Македонија, по што преку добро организирана мрежа била префрлана преку граница и складирана во објекти поврзани со семејството Спасојевиќ во Србија. Оттаму, марихуаната требало да продолжи кон нелегалниот пазар, со проценета вредност меѓу 7 и 10 милиони евра. Во рамки на акцијата, српската полиција запленила и автоматско оружје.

    Случајот доби и политичка димензија откако лидерот на српското Народно движење, Мирослав Алексиќ, изнесе тврдења дека едно од уапсените лица е поврзано со владејачката Српска напредна партија во Крушевац и дека има блиски релации со семејството на министерот за одбрана Братислав Гашиќ. Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли ваквите наводи, нагласувајќи дека државата нема никаква поврзаност со случајот.

    Во меѓувреме, И.Д., еден од притворените, се појавува како косопственик на компанија регистрирана во Скопскиот регион за производство и преработка на медицински канабис. Според медиумските информации, станува збор за компанијата Alphapharm Group ДОО Скопје, формирана во јули 2023 година со почетен капитал од над половина милион евра и седиште во општина Кисела Вода.

    Како косопственици се уште три лица, а финансиските извештаи за 2023 и 2024 година укажуваат на остар пад на приходите и зголемени трошоци и загуби, што, според авторите на текстот, може да го насочи вниманието на истражните институции кон можни злоупотреби преку легално регистрирана дејност.

    Поврзани вести

    Борис Тадиќ: Брутална употреба на сила на Филозофскиот факултет во Нови Сад претставува напад врз целото општество

    22/01/2026

    Балканот за повеќе од една деценија загубил над 2.400 километри недопрени реки, меѓу нив и делови од Вардар

    22/01/2026

    Бугарскиот претседател Радев поднесе оставка, една година пред истекот на мандатот

    20/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.