Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Дали сакате да бидете сити и полни со енергија- избегнувајте три намирници за појадок

    20/02/2026

    НБА итно воведува 7 нови правила, ситуацијата е полоша од кога било

    20/02/2026

    Само три од стоте најдобри стрипови на 21-от век се преведени на македонски јазик

    20/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Поднесени обвиненија против 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“
    Македонија

    Поднесени обвиненија против 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

    30/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични деласторени од лица со полициски овластувања, поднесе обвинителен акт против 13 полициски службеници, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство.

    „Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност, поврзано со пожарот што на 16 март 2025 година настана во кабаре „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 63 лица, а 223 лица се здобија со тешки телесни повреди и телесни повреди“, се наведува во соопштението.

    Според обвинението, како што објаснуваат во Обвинителството, во периодот од 14 до 16 март лани, обвинетите полициски службеници одобриле и спровеле план за акциска контрола на угостителски објекти, без целосна проверка дали се испочитувани законските прописи и безбедносните процедури.

    „При контролата во кабарето не биле преземени соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту било спречено користење на непријавена пиротехничка опрема, што довело до настанување на пожарот. Покрај обвинителниот акт, до Основниот кривичен суд се поднесени и обвинителни предлози против уште 12 полициски службеници. Девет од нив се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување при издавање согласност за работа на кабарето во 2022 и 2023 година, со што е овозможено прибавување противправна имотна корист“, се додава во соопштението.

    Тројца полициски службеници се обвинети дека при изготвување службени записници внеле неточни податоци и овозможиле неправилно водење прекршочни постапки. Во однос на седум полициски службеници, јавниот обвинител донесе Наредба за запирање на истражната постапка, бидејќи е утврдено дека нивните законски надлежности не се во директна причинско-последична врска со настанувањето на пожарот.

    „За дел од дејствијата е утврдена и застареност на кривичното гонење, додека за дејствијата преземени во 2022 година се водеше предистражна постапка за што денес е поднесено предметното обвинение. Во текот на истрагата беше донесена и наредба за запирање на истражна постапка за починатиот полициски службеник. За сите обвинети лица остануваат на сила мерките за обезбедување на нивното присуство во постапката, до одлука на надлежниот суд“, наведуваат од Обвинителството.

    Поврзани вести

    Само три од стоте најдобри стрипови на 21-от век се преведени на македонски јазик

    20/02/2026

    Снег, одрони и сообраќајни незгоди блокираа повеќе патишта низ земјата, АМСМ препорачува внимателно возење

    20/02/2026

    „Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ

    19/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.