Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Поради полуфиналето на ЕП, Вардар 1961 доби нов термин за мечот со Слован

    30/01/2026

    Најлошите особини на секој хороскопски знак во љубовта: Какви сте вие?

    30/01/2026

    Магла и одрони на патиштата, апел за внимателно возење

    30/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Николоски: Двата изградени километри од Скопје до Блаце, ќе бидат предмет на работа на новиот јавен обвинител
    Политика

    Николоски: Двата изградени километри од Скопје до Блаце, ќе бидат предмет на работа на новиот јавен обвинител

    29/01/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Николоски посочи дека двата километра завршуваат буквално во провалија и затоа не можат да се пуштат.

    „Тие два километра, претпоставувам често патувате кон Косово и знаете дека не почнуваат никаде, не завршуваат никаде. Односно јавноста треба да знае дека ако тоа го сметаме за почеток на автопатот, тие два километри не почнуваат на граничниот премин, туку доколку возите од Скопје за Приштина тие почнуваат десно или источно од граничниот премин и не се поврзани со граничниот премин. Тоа е првиот проблем, а Косово од нивна страна го изгради автопатот до граничниот премин, што значи дека, не да е промашена трасата, комплетно е промашена. Тоа е првата причина, после ќе кажам зошто е промашена“, вели Николоски.

    Тој додаде дека треба да се направи и приклучок со постојниот граничен премин на Блаце, бидејќи како што рече „ваерлес приклучоци сè уште не се измислени во патнички сообраќај и потоа каде што завршуваат овие два километра треба да ги приклучуваме на стариот пат и нема како, затоа што ви кажав дека одат во провалија, односно во дупка“.

    Министерот за транспорт и врски Николоски истакна дека проблемот е надминат со помош на стручни консултантски куќи и во моментов тендерот за избор на изведувач е во финална фаза.

    „Јавното претпријатие за државни патишта својата работа ја заврши. Избран е потенцијален изведувач, за којшто јавното претпријатие смета дека е најдобар. Инаку имаше 11 понуди и сега одлуката е испратена во Лондон, во седиштето на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), од каде треба да дадат потврда на овој избор. Имајќи предвид дека средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој и дел од тие средства се грант – такви се правилата на ЕБРД, кога користите нивни средства да се оди по нивниот систем за јавни набавки, каква одлука да донесете, на крајот Европската банка за обнова и развој треба да ја потврди. Би сакал да апелирам до ЕБРД побрзо да донесат одлука, имајќи предвид дека Јавното претпријатие за државни патишта уште во текот на декември месец ја заврши работата и од декември чекаме да добиеме одговор“, рече Николоски.

    Министерот за транспорт и врски, Николоски од собраниската говорница образложи зошто автопатот „почнува никаде и завршува никаде“.

    „Претпоставувам знаете, ако не знаете прашајте кај претходниот директор на ЈПДП, од вашата политичка партија беше – дека тие два километри беа тендерирани на 14 милиони евра, ама на крај се платија 28 милиони евра. По нашиот Закон за јавни набавки, значи тие се работени по македонскиот Закон за јавни набавки, не врз основа на договори со кои било други финансиски институции, максимално што можете да добиете на анекс е 20%. Овде е отидено на анекс од 100%, односно сумата од 14 милиони евра станува сума од 28 милиони евра, што го прави убедливо најскап автопат од сите што се градат во моментов во државата“, вели Николоски.

    Тој додаде кога се поминува можат да се забележат косини, што се заштитени со едни зелени заштити и како што рече „ви е јасно зошто се дадени толку пари – кога едноставно можело патот да биде позападно поместен, а не источно каде што е сега. Да ја следи трасата на реката Лепенец и да не се трошат толку пари, колку што се потрошени“.

    „Сега можеби една од причините е што толку се платило на една компанија, којашто се вика Еуроком лајтниг и којашто сосема случајно баш во истиот период кога се потпишува анексот на договорот за изградба на овие два километри на Скопје – Блаце купува хотел на Попова Шапка за 55.000 евра. Со 55.000 евра, во Скопје гарсоњера не можете да купите, ама овие купиле хотел на Попова Шапка. И случајно мислам дека го знаете сопственикот на компанијава, се вика Сулат Алија – ваш член, пријател, долгогодишен претседател на ФК „Шкупи“. Така што тој е човекот којшто случајно го купува хотелот на Попова Шапка, баш во истиот момент кога се потпишува дупли договор за изградба на овие два километри“, рече Николоски.

    Тој се надева дека за брзо време ќе има нов обвинител и оти сите документи се доставени во Обвинителството.

    „Ама за жал досегашниот работеше, како што работеше. За да не ги бара по архива, пак ќе му ги препратиме, за да може веднаш да работи“, рече Николоски.

    Николоски истакна дека на претходна седница на пратенички прашања ги кажал четирите компании кои сосема случајно купувале земјиште од приватни лица по трасата на автопатот Скопје-Блаце и како што рече компаниите биле блиски до партијата ДУИ, додека биле на власт. Тој додаде дека токму по таа траса и Управниот суд, чиј претседател е од политичката партија на пратеникот Хасани, пресудил дека токму на таа траса треба да има бензинска пумпа. 

     

    Поврзани вести

    Затворен постмониторинг дијалогот на ПССЕ со Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата

    29/01/2026

    Македонците од Албанија поднесоа тужба против Рама по одлуката за отворање центри за мигранти во Пустец

    29/01/2026

    Протест за минимална плата: СДСМ поддржува 600 евра, ВМРО-ДПМНЕ критикува и предлага дијалог

    28/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.