Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Во само еден ден пет пријавени случаи во кои мажи насилници нападнале жени
    Македонија

    Во само еден ден пет пријавени случаи во кои мажи насилници нападнале жени

    27/01/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Насилството врз жени во Македонија повторно излегува на површина со серија загрижувачки случаи, што се случиле во текот на само еден ден, а за кои денеска извести Министерството за внатрешни работи (МВР) во последниот билтен.

    Во Скопје и во Делчево, повеќе жени пријавиле физички напади, закани и психичко малтретирање од своите партнери или поранешни партнери. Полицијата постапила по неколку пријави за родово базирано насилство, што е уште еден доказ дека многу жени се изложени на опасност зад затворените врати на семејните домови.

    Во еден од случаите, синоќа по полноќ, во СВР Скопје, 40 годишна жена од скопско пријавила дека на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот партнер Д.П. физички ја нападнал во неговиот дом.

    Освен тоа, во друг случај, во полициската станица Кисела Вода, службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ќ. (32) од Скопје, по пријава од неговата 34 годишна поранешна партнерка дека на 23 јануари упатувал закани дека ќе сподели компромитирачки видео запис од неа.

    Вчера, исто така во Кисела Вода, во 16 часот во полициската станица, службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со В.Т. (49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42 годишна сопруга, дека на 24 јануари во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал и ѝ го одзел мобилниот телефон.

    Пријавен случај на насилство има и во Делчево. Како што соопштува МВР, против 54 годишен маж е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.

    „Пријавениот подолг временски период психички ја малтретирал неговата 54 годишна сопруга и ѝ упатувал закани, а во периодот од 6 до 8 јануари физички ја нападнал во семејниот дом“, се наведува во билтенот на МВР.

    Освен наведените случаи на насилство, МВР известува и за случај на сексуално вознемирување.

    „На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С. (77) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 51 годишна жена од Скопје дека ја допирал по телото“, се вели во информацијата.

    За сите случаи е наведено дека откако надлежните во МВР ќе ги обезбедат сите документи и информации, против насилниците ќе поднесат пријави.

    Во едно од последните истражувања на Мета на оваа тема, беше нагласено дека во периодот одд јануари 2020 до март 2024 година, имало вкупно 4.484 пријави за семејно насилство, а сторителите во 91 проценти од случаите биле мажи. Најчести жртви на семејно насилство се сопруги, мајки, татковци или жени во вонбрачна заедница. Во најголем број од случаите, насилниците имале растројства, под дејство на алкохол и на дрога.

    Според поголемиот дел од случаите кои биле регистрирани од Здружението на млади правници, како насилници се јавуваат лица од машки пол чијашто возрасна граница се движи од 40 до 60 години.

    „Во најголем дел од пријавените лица за насилници, станува збор за лица кои злоупотребуваат алкохол и самите лица потекнувале или потекнуваат од дисфункционални семејства, како и лица кои имаат одредени психолошки/психијатриски болести, при што како најчест облик на психијатриска болест се провлекува шизофренијата“, рекоа од здружението.

    Мета пишуваше и за дигиталното родово базирано насилство. Во една од последните студии на UN Women, направена во октомври годинава, со наслов „Темната страна на дигитализацијата“, учествувале 12.000 жени од земјите од Источна Европа и Централна Азија. Истражувањето дава нови сознанија за насилството врз жените преку технологијата, а учеснички биле жените во 13 земји од регионот – Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Казахстан, Косово[1], Киргистан, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Таџикистан, Турција и Украина.

    Повеќе од половина од жените (18+), кои користат интернет, доживеале некои форми на онлајн насилство. Од 13 земји, С. Македонија е рангирана на четвртото место, односно, 62,8 отсто од учесничките во студијата дека барем еднаш имале искуство со онлајн насилство.

    Поврзани вести

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Безбеден град се проширува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

    25/09/2026

    Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица, утврди стручната комисија

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Скопје Синема Сити“ на 26 и 27 јуни во МКЦ носи филмски омаж на музичките револуционери што го променија светот

    Во Пелистер револтирани: Големо сценарио во Куманово во режија на судиите, се играше „осум на пет“!

    Понуда со „астрономски“ цени за третман на бездомни кучиња во Тетово, Касами се правда дека цените се намалени

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.