
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат брзина на движење да се прилагоди на условите на патот, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се управува со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен до крајот на март.
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата. Повеќе информации може да се најдат на следното известување од Макам-Транс.
Од АМСМ потсетуваат дека во моментов задолжителна е и зимската опрема во возилата.

