СпортСпорт во Анталија, Огнен Дојчиновски
Нема фудбалер кој што нема да ви каже дека зимските подготовки се лесни. Едноставно така мора да биде. Тренажниот процес во овој дел од сезоната е на такво ниво, да тренинзите се така интензивни, напорни и со згуснат распоред, да се се сведува на работа, одмор, работа….
По таков терк работи и тимот на Вардар кој што во моментов е на своите базични подготовки во Сиде, Турција, а тренерот Гоце Седлоски ниту има намера ниту ќе го намали темпото на силни тренинзи.


