
Белата куќа објави слика на жена уапсена од американските власти, но експерти велат дека таа е изменета со користење вештачка интелигенција, пренесува Би-Би-Си Њуз.
Изменетата слика, е објавена од Белата куќа, 30 минути подоцна откако оригиналната беше споделена од државната секретарка за безбедност Кристи Ноем. Сликата е променета да изгледа дека жената на неа плаче. Во оригиналната фотографија, која ја објави Ноем, лицето на жената е опуштено и без солзи.
Сликата, објавена на платформата Икс, собра речиси пет милиони прегледи, но експерти за дигитална форензика потврдиле дека е уредена со алатки за вештачка интелигенција, што значително ја менува нејзината реална појава.
Хани Фарид, професор по компјутерски науки од Универзитетот во Калифорнија и основач на GetReal Security, изјавил дека не е првпат Белата куќа да сподели содржина изменета или генерирана со ВИ. Тој истакнал дека тоа е загрижувачки, бидејќи тешко дека јавноста верува на информацијата.
Жената на фотографијата, Некима Леви Армстронг, била уапсена поради наводно организирање протест што ја нарушил црковната служба во Минесота.
На прашање на медиумите за изменетата слика, од Белата Куќа ги упатиле на објавата на заменикот директор за комуникации, Каелан Дор објавена на Икс „Спроведувањето на законот ќе продолжи. Мемињата ќе продолжат. Ви благодарам за вашето внимание.“
Фарид оценил дека користењето на содржини генерирани со ВИ од Белата куќа е проблематично на повеќе нивоа, бидејќи не само што се споделува лажна содржина, туку станува сè потешко за јавноста да има доверба во било што од институциите.

