
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, во 20 часот во Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на булеварот „Крсте Мисирков“.
Патничкото возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од с.Арачиново.
19-годишната девојка се здобила со тешки телесни повреди, при што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
На местото на настанот, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР, а надлежните служби и понатаму работат на расчистување на причините за несреќата.

