Македонските прволигаши кои се подготвуваат како во Труција, така и во Грција денеска продолжуваат со своите активности.
Вчера тимот на Брера, кој што се наоѓа во Грција, го одигра својот пријателски дуел против тимот на Ксанти, а веќе денеска струмичани продолжуваат активно да се подготвуваат во идеалните услови кои што ги имаат на морското приморје.
Во исто време, тимот на Силекс кој што пак е во Анталија, Турција, како и тимот на Вардар, Шкендија, Струга ТЛ, има закажно пријателски меч против тимот на Словачко.
Сепак, временските услови во овој дел во моментов се многу лоши, дождот и силниот ветар одложуваат многу мечеви, па Спортспорт во коресподенција со кратовци дознава дека одигрувањето на денешниот меч е крајно неизвесен.

