Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Џеј Ло носеше ѓердан од 74 карати на отворањето на Модната недела во Милано

    23/09/2026

    Ниту една држава не е имуна на изборните дезинформации и не може сама да се бори против нив

    23/09/2026

    Трајков во Брисел: Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава

    23/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион
    Култура

    Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

    22/01/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, со што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Северна Македонија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови – во кината и онлајн.

    Публиката на земјите-членки на Мрежата ќе има можност да гледа шест наградувани регионални филмови: „Семејна терапија“ од Соња Просенц, „Fiume o morte!“ Игор Безиновиќ, „After the Summer“ од Данис Тановиќ, „Мајка Мара“ од Мирјана Карановиќ, „Живи и здрави“ од Иван Мариновиќ и „Планета 7693“ од Гојко Бекуљан.

    Програмата започнува на 22 јануари со бесплатни кино проекции во Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Херцег Нови и во Скопје, додека сите филмови ќе бидат достапни онлајн од 23 јануари преку платформата ondemand.kinomeetingpoint.ba.

    Во рамките на програмата, во Скопје ќе биде прикажан филмот „Мајка Мара“ во режија на Мирјана Карановиќ. Проекцијата ќе се одржи во „Синеплекс“ на 22 јануари со почеток во 19 часот. На проекцијата ќе присуствува режисерката и главна актерка Мирјана Карановиќ, актерот Вучиќ Перовиќ, кој ја толкува главната машка улога и кинематограферот Игор Маровиќ.

    „Мајка Мара“ е приказна за средовечна успешна бизнисменка и самохрана мајка, уништена од прераната смрт на нејзиниот син единец. Таа емотивно се отуѓува и одбива да комуницира со семејството и пријателите, но кога го запознава блискиот пријател на покојниот син, Милан (Вучиќ Перовиќ), наоѓа утеха и мир во односот со него. Заедно тие откриваат сè повеќе факти за животот и смртта на Немања, што и дава можност на Мара да се соочи со сопствениот живот и емоции.

    Меѓу филмовите во програмата е и „Fiume o Morte!“ Игор Безиновиќ – документарна драма за шеснаесетмесечната окупација на Риека и контроверзната историска фигура на италијанскиот поет, новинар, аристократ и воен офицер, фашистот Габриел Д’Анучи, раскажана преку гласовите на современите жители на градот, кои го доведуваат во прашање наследството од тој период и неговото влијание врз денешниот идентитет на Риека. Филмот „По летото“ од Данис Тановиќ носи комична драма за млада жена која доаѓа на островот по наследство, но се соочува со сопственото минато, семејни тајни и прашања за идентитетот. „Мајка Мара“ во режија на Мирјана Карановиќ е интимна драма за загубата, тагата и неочекуваната блискост помеѓу мајка и пријател на нејзиниот починат син. Филмот „Живи и здрави“ од Иван Мариновиќ, приказна за свадба што се случува и покрај одлуката на невестата да се откаже од бракот, ќе додаде горчливо-духовита нота на програмата. Семејна и топла приказна донесува „Планета 7693“ од Гојко Бекуљан, филм за едно момче кое, со помош на еден необичен пријател, се обидува да ги поправи раскинатите односи во своето семејство.

    Зимското издание се реализира како заеднички проект на водечките филмски фестивали во регионот – Белградскиот филмски фестивал, Сараевскиот филмски фестивал, Меѓународниот филмски фестивал во Љубљана, Загрепскиот филмски фестивал, Херцег Нови филмскиот фестивал и фестивалот „Браќа Манаки“ од Северна Македонија. Ова е четврто зимско издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион, организирано со цел поголема видливост, достапност и промоција на квалитетна современа регионална кинематографија.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Џеј Ло носеше ѓердан од 74 карати на отворањето на Модната недела во Милано

    23/09/2026

    Ниту една држава не е имуна на изборните дезинформации и не може сама да се бори против нив

    23/09/2026

    Трајков во Брисел: Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава

    23/09/2026

    Емотивна објава на Синди Крафорд два месеца пред смртта на нејзиниот син: „Горда сум на човекот што си“

    23/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Менса Македонија организира тестирање на 1 октомври

    (Видео) Ај Кју со „Мажена“ го продолжуваат музичкиот континуитет

    Агентите вмешани во пукањето врз Алекс Прети се суспендирани од работа

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.