Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Притвор за две лица кои истепале сопственик на кафеана оти не им дозволил да влезат
    Македонија

    Притвор за две лица кои истепале сопственик на кафеана оти не им дозволил да влезат

    20/01/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело – насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, инфорираат во Обвинителството.

    „Завчера по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена, со намера и по крајот на работното време таму да консумираат алкохол. Сопственикот не им дозволил, по што тие продолжиле со особено агресивни дејствија во дворот на угостителскиот објект, па физички го нападнале сопственикот и му задале повеќе удари по главата и телото. Го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десната рака и повреда на увото. Со ваквите насилнички дејствија осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв кај уште неколку лица кои во моментот се затекнале во близина на објектот“, се наведува во соопштението.

    Јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, кој судот го прифатил и им определи притвор во траење од по 30 дена.

    Поврзани вести

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026

    Ќе одговара битолчанецот кој ја тепал и малтретирал својата 21-годишна партнерка

    21/11/2026

    Синдикалната минимална кошница надмина 70.800 денари

    20/11/2026

    „Кој ви даде право да нè убивате?“, блокада пред Владата против фемицидите и институционалните пропусти

    20/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ја познаваме како природна убавица, а сега откри што „поправила“ на себе: „Ќе го правам ова до крајот на животот“

    Пронаоѓачот на мобилниот, Мартин Купер доби награда за животно дело

    Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.