Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ждрепка за Лигата на Нации: Македонија за првпат во Лига Б, сериозен тест на европскиот квалитет

    12/02/2026

    Во Белград лишен од слобода Саит Саитов лицето кое прегази жена во Скопје и веднаш избега од државата

    12/02/2026

    (Фото) Моника Селеш ја покажа својата витка фигура: и покрај ужасната болест, таа не се откажува

    12/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски најави стартување на „Безбеден град“ од 1 февруари
    Македонија

    Мицкоски најави стартување на „Безбеден град“ од 1 февруари

    16/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува измените на Законот за прекршоци да бидат донесени на следната пленарна седница на Собранието, по што проектот „Безбеден град“ може да стартува од 1 февруари.

    За вчерашната средба меѓу координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мицкоски изјави дека биле разјаснети сите нејаснотии околу измените, што произлегоа по лидерската средба во Клубот на пратеници. ДУИ предходно бараше гаранции за да ги поддржи измените, односно разгледување на поднесените амандмани.

    Мицкоски потенцираше дека договорот постигнат на лидерско ниво ќе биде поддржан, а на вчерашниот состанок се отстраниле сите пречки поврзани со амандманите за законот.

    „Тоа тоа што беше договорено на лидерската средба беше безусловно договорено дека ќе биде поддржано. (Али Ахмети) спомена дека постоеле некои амандмани коишто потоа во разговор со министерот за внатрешни работи (Панче Тошковски) се констатираше дека не постојат. Но и покрај тоа се договоривме во текот на вчерашниот ден на ниво на координатори на пратенички групи да има состанок и сите тие нејасни теми да бидат разјаснети. Таков состанок, колку што јас сум информиран, во текот на вчерашниот ден се случил. Бидејќи беше отсутен министерот за внатрешни работи од Македонија беше вклучен преку телефонски повик. Без разјаснети сите нејасни работи и очекувам законот за прекршоци веќе на следната собраниска седница да помине“, објасни премиерот.

    Премиерот повтори дека за усвојување на Законот за прекршоци потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, но не и Бадентерово мнозинство.

    Проектот „Безбеден град“, кој е во тест-фаза од 1 декември, според Мицкоски дал резултати и придонел за намалување на сообраќајните несреќи со смртни последици на територијата на Скопје во декември минатата година, во споредба со истиот месец во 2024 година.

    „Очекувам многу човечки животи да бидат спасени и не очекувам политичко калкуланство кога станува збор за човечкиот живот“, изјави премиерот.

    Тој исто така напомена дека „Безбеден град“ би можел да претрпи приспособувања, односно како што кажа тој, нивелирања на самиот проект што би било подолг процес. За, она пак што го бараат граѓанските организации со животна средина, регирација на лица кои непрописно фрлаат ѓубре и догорчиња, премиерот изјави дека би било потребна дополнителна интервенција во законите.

    На новинарско прашање за евентуална средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Мицкоски рече дека се среќава со лидери на политички партии како дел од своето редовно политичко функционирање и дека во тој контекст може да се одржи и средба со Ахмети, но засега нема договорен датум.

    Поврзани вести

    Промоција на стрипот „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ ќе се одржи на 18 февруари во Скопје

    11/02/2026

    Студентите со реaкции на изјавата на министерката Јаневска за укинување на Меѓународни и интеркултурни студии

    11/02/2026

    Се рушат дискотеките во Градски парк, се подготвува теренот за новиот Луна парк

    11/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.