Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „ТикТок“ воведува нова технологија за проверка на возраст на корисниците во ЕУ

    16/01/2026

    Пржинската влада не е „измислица на Америка“

    16/01/2026

    Раководството на Реал се кае што не го „избрка“ Чаби Алонсо уште во декември

    16/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Почина италијанскиот стрип-автор и сликар Серџо Таркинио
    Свет

    Почина италијанскиот стрип-автор и сликар Серџо Таркинио

    15/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Роден во 1925 година во Кремона, Таркинио ја започнал својата професионална кариера по Втората светска војна. Во текот на децениите работел за повеќе издавачки куќи во Италија и Аргентина, а особено е поврзан со издавачката куќа Серџо Бонели Едиторе, каде остави длабок авторски печат.

    „Серџо Таркинио беше еден од авторите кои вистински ја обликуваа историјата на италијанскиот стрип. Неговиот придонес во вестерн-жанрот и способноста да создаде автентичен и препознатлив визуелен јазик ќе останат трајно запаметени“, соопштија од Бонели.

    Таркинио се вбројува меѓу клучните автори на италијанскиот вестерн-стрип, со препознатлив реалистичен цртеж и силно чувство за атмосфера и историски контекст. Дури и кога не беше потпишан, читателите го препознаваа неговиот стил на јасни и прецизни линии на перцето и тушот.

    Меѓу неговите најзначајни дела се 34 епизоди од серијата „Приказната за Дивиот Запад“ (La Storia del West, Priče sa Divljeg Zapada), особено неколку легендарни епизоди со Бил Адамс. По гасењето на серијалот има нацртано и пет епизоди од култниот стрип за Кен Паркер. Тие имаат посебно место во историјата на италијанскиот стрип и по кои беше познат на просторите на бивша Југославија. За Бонели исто така има цртано и стрипови со Судијата Рој Бин, Ред Бак и други.

    Пред три години беше откриена „изгубена“ епизода со Текс Вилер наречена „Сенки на смртта“, која Таркинио ја нацртал во 1966 година. За прв пат како посебно издание беше објавена во Италија во 2023 година и во Србија во 2025.

    По напуштањето на светот на стрипот во осумдесетитте години, Таркинио се занимавал и со сликарство и графика, а од Бонели нагласија и дека неговиот уметнички опус се смета за трајна вредност во европската визуелна уметност. Според сопствено признание, на ова поле тој успеал да ја пронајде личната естетика што отсекогаш му бегала во стриповите – толку многу што во 2013 година беше прогласен за Витез од Редот за заслуги на Италијанската Република.

    Со неговата смрт, стрип-светот загуби еден од своите најдоследни и најпочитувани автори.

    Поврзани вести

    „ТикТок“ воведува нова технологија за проверка на возраст на корисниците во ЕУ

    16/01/2026

    Астронаутите на НАСА се враќаат дома по медицинската евакуација од вселенската станица

    15/01/2026

    САД ги замрзнуваат сите процеси на издавање визи за 75 земји, вклучувајќи ја и Македонија

    14/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.