Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Аерозагадувањето во Македонија е здравствен, а не еколошки проблем, велат од О2 иницијатива
    Македонија

    Аерозагадувањето во Македонија е здравствен, а не еколошки проблем, велат од О2 иницијатива

    11/01/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Аерозагадувањето во Македонија одамна ги надминува рамките на еколошки проблем и претставува директна и долготрајна закана по јавното здравје, укажуваат податоците за изложеноста на штетни и канцерогени загадувачки супстанции во воздухот кои ги објави О2 иницијативата.

    Оттаму потсетуваат дека PM честичките, издувните гасови од дизел возилата, полицикличните ароматични јаглеводороди, бензенот, одредени тешки метали од индустријата, како и соединенијата што се ослободуваат при согорување на дрва, јаглен и нафта, се класифицирани како канцерогени од прва група од страна на Меѓународната агенција за истражување на ракот. Тоа значи дека постојат цврсти научни докази дека овие супстанции предизвикуваат рак кај луѓето.

    Според О2, податоците за смртност поврзана со изложеност на PM2.5 честички, покажуваат дека Македонија со години се наоѓа меѓу земјите со највисоки стапки во Европа. Во 2023 година, 222 лица на 100.000 жители биле класифицирани како починати поради долготрајна изложеност на PM2.5.

    „И во 2025 година продолжува праксата дел од државната мрежа за мерење на квалитетот на воздухот да не функционира целосно. Во моментов, според достапните информации, не работат 39 инструменти, што претставува околу 30 отсто од вкупниот број мерни уреди. Дел од мерните станици со години немаат континуирани податоци поради недостиг на резервни делови и одржување“, велат од О2.

    Оттаму додаваат дека воедно не се спроведуваат редовни мерења на тешки метали, бензен, бензо(а)пирен, хемискиот состав на PM2.5 и прекурсорските супстанции на озонот на доволен број локации, иако тоа е законска обврска. Како последица, јавноста и институциите немаат целосен увид во реалната изложеност на супстанции кои се докажано канцерогени.

    Податоците кои ги споделија од О2 покажуваат дека концентрациите на PM2.5 во зимскиот период достигнуваат и до 18 пати повисоки вредности од оние препорачани за заштита на здравјето, додека надвор од грејната сезона тие се до 3,5 пати повисоки. Слична состојба е регистрирана и кај PM10 честичките, со зимски концентрации до 7,5 пати над здравствените граници.

    Поразителен е податокот дека ниту Лазарополе, кое се смета за референтно чисто подрачје, не ги исполнува здравствените препораки за PM2.5 во текот на целата година.

    И покрај сериозноста на состојбата, експертите укажуваат дека нема системски и континуирани мерки за намалување на загадувањето од греењето, сообраќајот, индустријата и градежништвото. Субвенциите за инвертер-клими и филтри за оџаци во Скопје се оценуваат како недоволни во однос на бројот на домаќинства што се греат на дрва, кој според пописот од 2021 година изнесува меѓу 40.000 и 55.000.

    Во меѓувреме, возниот парк во земјата продолжува да старее. Од над 684.000 регистрирани возила во 2024 година, две третини се дизел, а исто толку се постари од 15 години, без забрана за увоз на возила под ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандардите.

    Експертската јавност предупредува дека третирањето на аерозагадувањето како секундарна еколошка тема ја одложува примената на мерки што директно влијаат врз заштитата на здравјето на граѓаните. Без итни, законски обврзувачки и системски интервенции, изложеноста на канцерогени загадувачи ќе продолжи да има сериозни последици по јавното здравје и квалитетот на живот во земјата.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Нови несогласувања за Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ бара договор, СДСМ обвинува за блокада

    Things to Look For in a Financial Trading Platform Environment

    Лазаров: Честитики до момците! Играчи што имаат мала минутажа во своите клубови покажаа карактер и борба!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.