Еерата на Роберт Левандовски во Барселона очигледно завршува. Полскиот напаѓач е се поблиску до излезната врата од „Камп Ноу“, а раководството на клубот, предводено од спортскиот директор Деко, веќе активно бара негов наследник. Тренерот Ханси Флик има јасна желба и предложи име кое го смета за идеално за новата „деветка“ на Барселона.
Роберт Левандовски не беше во почетниот состав во последните пет натпревари, а неговиот договор истекува на лето, кога ќе наполни 38 години, па разделбата на крајот од сезоната е речиси сигурна. Во меѓувреме, клубот го става Фермин Лопез во преден план, кој е најдобар стрелец во тимот со 14 гола.
Полјакот ќе замине како слободен агент по две и пол сезони, оставајќи зад себе големо наследство, но и сложена задача за раководството, да најде замена за напаѓач од неговиот калибар, влијание и лидерски способности.
Спортскиот директор Деко е свесен дека пронаоѓањето на вистинската „деветка“ е клучно за стабилноста на проектот и понатамошниот развој на млади ѕвезди како што се Ламине Јамал, Педри или Гави. Иако одлуката ќе биде стратешка и ќе биде донесена во консултација со раководството на клубот, тренерот Ханси Флик ќе го има последниот збор. Според извештаите од Германија, Флик веќе ги пренел своите желби до одборот, а неговиот прв избор е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси.

