Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Роналдо во војна со Саудијците: Нема да го игра денешниот меч со Ал Ријад!

    02/02/2026

    Сите добитници на наградите Греми за 2026 година

    02/02/2026

    Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

    02/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Мицкоски: Наш приоритет не се изборите
    Политика

    Мицкоски: Наш приоритет не се изборите

    08/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Јас мислев дека со овој повик ќе покажеме зрелост и широчина и на тој начин како политички фактори ќе можеме да се обединиме, барем сите оние парламентарни партии и коалиции што имаат формирано пратеничка група во рамките на Собранието“, рече Мицкоски.

    Коментирајќи го одбивањето на присуството на средбата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и обвинувањата дека се бара алиби за предвремени избори, премиерот рече дека граѓаните на неодамна завршените избори јасно кажале каде е поддршката, а пред нешто повеќе од една година јасно се изјасниле која политичка опција ја поддржуваат.

    „За нас, оваа тема е апсолвирана и нашиот фокус останува исклучиво на реформите и на напредокот на државата и подобрување на стандардот за живеење на граѓаните“, рече Мицкоски.

    Во одговорот на новинарското прашање по отворањето на градинката во Гевгелија, премиерот рече дека тема на оваа лидерска средба не треба да биде само Законот за Владата, односно укинување на техничката влада.

    „Ако ние одлучиме така да се однесуваме незрело и неодговорно како што тој се однесува (Филипче) и, генерално, опозицијата, тогаш нам и не ни е потребна лидерска средба. Со 61 глас во парламентот можеме да го смениме Законот за Владата и да ја избришеме техничката влада, не ни треба мислењето на опозицијата. Но, ние сакаме процесот да биде инклузивен и покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници, речиси двотретинско во парламентот, така што ако сакавме да се однесуваме незрело како што тие се однесуваат, но и неодговорно, можевме тоа да го направиме и без таа лидерска средба“, рече Мицкоски.

    На лидерската средба сакал да се разговара и за законите, кои се дел од реформската агенда, а кои ќе бидат во парламентот, меѓу кои е и Изборниот законик, потоа уште четири други закони во делот на правосудството – за јавнообвинителската и за судската служба, за јавните обвинители и за Судскиот совет.

    Според него, опозицијата е неодговорна, неконструктивна и безидејна.

    „Во ред, претпоставувам и ваквото негово (Филипче) однесување, на ваков тип на обраќање во јавноста, е составен дел од неговиот менаџерски договор што го има потпишано како претседател на СДСМ, па претпоставувам дел од обврските што треба да ги одработи, а се содржани во тој менаџерски договор, се и ваквите навреди кон Владата и одбивањето вакви средби, но тоа е негов избор. Ние сепак формално денес или утре ќе ги доставиме поканите“, рече Мицкоски.

    За премиерот пораките од СДСМ се збунувачки, а однесувањето нејасно.

    „До неодамна тие бараа лидерска средба, а сега кога има, ја одбиваат“, рече Мицкоски.

    Поврзани вести

    Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

    02/02/2026

    Мицкоски: И покрај понижувањата на поединци во Брисел, интеграцијата на Македонија во ЕУ не е доведена во прашање

    01/02/2026

    Претседателот на Собранието, Гаши на Економска конференција во Истанбул

    31/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.