
Премиерот Христијан Мицкоски денеска апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД го спореди со ставовите на Европската Унија и НАТО во однос на Македонија и менувањето на името заради обезбедување услови за членство, како и менувањето на знамето заради членство во ОН и посочи дека ваков тип на преседани веќе се случувале во меѓународната пракса.
Мицкоски го потврди ставот искажан од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека земјава стои зад потегот на Доналд Трамп и САД за апсење на Мадуро, како стратешки партнер.
„Ме загрижува громогласната тишина на европските земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на гробот на Македонија, а сега истите имаат став за исправноста на потегот. Еднаш кога ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и е прашање на време кога ќе се удри од вашиот грб“, рече Мицкоски.

