Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Дали сакате да бидете сити и полни со енергија- избегнувајте три намирници за појадок

    20/02/2026

    НБА итно воведува 7 нови правила, ситуацијата е полоша од кога било

    20/02/2026

    Само три од стоте најдобри стрипови на 21-от век се преведени на македонски јазик

    20/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Просечно семејство не може да си купи стан, драматичен раст од 25 отсто на цените на недвижности
    Македонија

    Просечно семејство не може да си купи стан, драматичен раст од 25 отсто на цените на недвижности

    07/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Драматично продолжуваат да растат цените на становите во Северна Македонија, што го прави купувањето дом сè понедостижно за младите семејства и за граѓаните со просечни приходи. Според податоците на Народната банка, во четвртиот квартал од 2025 година недвижностите поскапеле за 25 отсто на годишно ниво, со што се заокружува година со континуиран двоцифрен раст на цените. Индексот се базира на огласени станови во Скопје, каде притисокот врз пазарот е најизразен.

    Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Катастарот покажуваат дека во општина Центар е постигната цена од 3000 евра по квадратен метар, што дополнително ја илустрира длабоката неусогласеност меѓу понудата и куповната моќ. Истовремено, дозволи за градење се издаваат постојано. Според податоците на Државен завод за статистика,  446 одобренија за градење биле издадени во октомври, минатата година, а 1177 станови се предвидени за изградба.

    Од градежниот сектор, пак, очекуваат смирување на пазарот. Андреа Серафимовски од Здружението на градежништвото при Стопанската комора за МИА изјави дека цените на градежните материјали се стабилизирале и дека во 2026 година може да се очекува израмнување на понудата и побарувачката, особено во Скопскиот, Полошкиот и Пелагонискиот регион.

    Сепак, експертите предупредуваат дека продолжениот раст на цените има пошироки економски и политички последици, од продлабочување на социјалните разлики, до зголемена миграција на младите. Без системски мерки, станбениот пазар ризикува да стане уште еден фактор што ќе ја продлабочува станбената несигурност и сиромаштија за граѓаните.

    Поврзани вести

    Само три од стоте најдобри стрипови на 21-от век се преведени на македонски јазик

    20/02/2026

    Снег, одрони и сообраќајни незгоди блокираа повеќе патишта низ земјата, АМСМ препорачува внимателно возење

    20/02/2026

    „Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ

    19/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.