
Еден од највисоките соработници на Доналд Трамп го засили притисокот врз Данска, доведувајќи го во прашање тврдењето на Копенхаген за Гренланд, додека лидерите на големите европски сили застанаа зад арктичката територија, пренесува „Гардијан“.
Како што пренесува медиумот, Стивен Милер, заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател задолжен за политика, тврдеше дека воена интервенција нема да биде потребна за преземање на островот, бидејќи „никој нема воено да се бори со Соединетите Држави за иднината на Гренланд“.
По отстранувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во саботата, Доналд Трамп ги обнови своите повици САД да ја преземат контролата врз Гренланд, што предизвика гнев и вознемиреност во Европа.
Денеска лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија и Обединетото Кралство ѝ се придружија на данската премиерка Мете Фредериксен во одбраната на суверенитетот на Гренланд.
Во интервју за CNN, Милер изјави дека воена интервенција нема да биде потребна за да се добие контрола врз Гренланд поради неговото мало население.

