Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Поради полуфиналето на ЕП, Вардар 1961 доби нов термин за мечот со Слован

    30/01/2026

    Најлошите особини на секој хороскопски знак во љубовта: Какви сте вие?

    30/01/2026

    Магла и одрони на патиштата, апел за внимателно возење

    30/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ЦУК: Во тетовско-гостиварскиот регион се пријавени над 20 сообраќајни незгоди поради лизгања од голомразица
    Македонија

    ЦУК: Во тетовско-гостиварскиот регион се пријавени над 20 сообраќајни незгоди поради лизгања од голомразица

    03/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Ниските температури кои го зафатија Полошкиот Регион во попладневните и вечерните часови вчера беа причина да замрзнат коловозите, па за кратко време во овој реон се случиле 19 сообраќајни незгоди, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Во тетовскиот реон имало четири сообраќајки, од кои една верижна со учество на 10 возила, а во Гостиварско имало 15 сообраќајни незгоди.

    „Две сообраќајни незгоди се случија на автопатот Тетово-Гостивар, од кои една верижна со учество на 10 возила, една на локалниот пат Пирок-Боговиње и една на патот Тетово-село Требош. Регистрирана е уште една сообраќајна незгода, но за неа не било побарано да се изврши увид“, велат од ЦУК.

    Од ПС Гостивар се пријавени 15 сообраќајни незгоди, од кои на 10 бил извршен увид од страна на увидна екипа, додека за пет не е побаран увид поради договор помеѓу оштетените страни. Примени се и бројни пријави од жители од Тетово, Гостивар и од околните населени места за замрзнати споредни и локални улици.

    „Регионалниот центар за управување со кризи Тетово стапи во контакт со надлежните лица од општините Тетово, Гостивар и Желино, од каде беше потврдено дека се ангажирани фирми за зимско одржување и дека на терен се врши посолување на патиштата по приоритети. Пријави беа примени од населбите Фазанерија и Циглана во Гостивар и од селата Долна Ѓоновица и Корита. Од Тетовскиот Регион пријави имаше од село Селце и од повеќе улици во градот Тетово. Во Тетово беше активиран Кризниот штаб и извршено е посолување на повеќе локални патишта“, велат од ЦУК.

    Од секциите на „Македонија пат“ од Тетово, Попова Шапка и Гостивар информираа дека континуирано се на терен и вршат посолување на автопатите и регионалните патни правци под нивна надлежност. Поради снежни врнежи, на патниот правец Лисец-Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема.

    Поврзани вести

    Магла и одрони на патиштата, апел за внимателно возење

    30/01/2026

    Лажен лекар измамил 72-годишна штипјанка за 2.600 евра

    29/01/2026

    МВР апелира граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“

    29/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.