Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита.
Министерот Муцунски во телефонскиот разговор со амбаадорот Зомер изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените. Муцунски изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Министерството за здравство соопшти дека ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана. Од Минитерството веќе постапуваат во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) и воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.

