Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Премиерот порача дека година што ја испраќаме беше година во која државата мораше прво да застане на нозе
    Македонија

    Премиерот порача дека година што ја испраќаме беше година во која државата мораше прво да застане на нозе

    31/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Почитувани сограѓани, годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици! Година во која државата мораше прво да застане на нозе. После долг период на нестабилност, несигурност и на разнишани институции, беше неопходно да се направи стабилизација и консолидација. Тоа беше услов без кој не можеше да се оди понатаму“, рече премиерот.

    Тој нагласи дека реформите што ги отпочнале не се козметички, туку се длабински и суштински.

    „Таквите реформи бараат време, но тие се предуслов за функционална држава и здраво општество. Свесни сме дека за граѓаните најважно е како тоа се чувствува во секојдневниот живот“, рече Мицкоски.

    За следната година тој очекува реализација на значајни инфраструктурни проекти, економско зајакнување, нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој.

    „Со право можам да кажам дека 2026 година ќе биде година на раздвижување и година на преобразба, година на раст, со реализација на значајни инфраструктурни проекти, година на економско зајакнување, со нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој. Година на вкупна преобразба на Македонија. Година на надеж, но и на голема обврска. Обврска да се испорачаат резултати. Обврска да се оправда довербата од граѓаните. Обврска да се продолжи по патот на реформи, развој и стабилност. На сите ви посакувам здравје, мир и сила. Да влеземе во 2026 година со верба дека напорната работа ќе се исплати и дека Македонија ја движиме во вистинската насока. Среќна нова година“, порача премиерот Мицкоски во своето новогодишно обраќање.

    The post Премиерот порача дека година што ја испраќаме беше година во која државата мораше прво да застане на нозе appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Гвинет Палтроу го покажа сопругот

    Владини повереници во 4 општини

    Контроверзите на македонската дипломатија при гласањата во ОН

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.