Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов, во изјава за турските медиуми призна дека малку потешко му одеше адаптацијата во новиот клуб. Крилниот напаѓач на Коџаелиспор вели дека во последните неколку натпревари, полека влегува во неговата најдобра форма.
„Во однос на сезоната воопшто, можам да кажам дека во првите 7 или 8 натпревари ми требаше малку време за да се запознаеме. Откако се навикнавме едни на други и подобро се запознавме, можам да кажам дека нашиот фудбал се подобри, нашата игра се подобри. Мислам дека ќе биде уште подобро во втората половина на сезоната. Лично, ми требаше време да се адаптирам кога пристигнав. Ова беше поинаква лига за мене. Играв во Англија и Германија. Морав да поминам низ процес на адаптација, затоа што секаде има поинакво разбирање на фудбалот. Се најдов во последните 2-3 натпревари. Моите перформанси исто така се подобрија. Свесен сум дека не играв добро во првата половина од сезоната. Секако, мојата цел е да се покажам подобро во втората половина. Бидејќи кога дојдов тука, мојата цел секогаш беше да дадам се од себе за Коџаелиспор“, изјавил Чурлинов.

