Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Џада Пинкет Смит ја покажа својата луксузна вила само неколку дена по пожарот

    27/11/2026

    Родителите често ги прават овие пет грешки без да сфатат дека им нанесуваат штета на своите деца

    27/11/2026

    Околу 2,2 милиони евра незаконски наплатени од фирмите за брзи кредити ќе им се вратат на граѓаните

    26/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Родители во САД бараат помалку технологија во училиште
    Свет

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    18/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Се поголем број родители во САД се обидуваат да ги одвикнат своите деца од користење училишни лаптопи и таблети, загрижени дека прекумерното време пред екран им штети на образованието, вниманието и здравјето. Наместо дигитални уреди, тие бараат настава со пенкало и хартија, објави Ен-Би-Си.

    Родители низ САД се организираат преку мејлови и групни разговори, разменуваат совети и подготвуваат  барања до училишните окрузи за алтернативи на дигиталните уреди. Многумина велат дека биле првите во своите окрузи што побарале промена во начинот на учење.

    Поранешната наставничка Емили Черкин дури изработила „алатник“ со истражувања, примери и прашања за училиштата. Таа сведочела и пред Конгресот за влијанието на екраните во образованието. Нејзиниот материјал е преземен повеќе од 3.000 пати.

    „Целта не е само да се откажеш, туку да започнеш разговор“, вели Черкин.

    Образовните институции предупредуваат дека училишното користење технологија не треба да се изедначува со рекреативно користење уреди дома. Тие нагласуваат дека учениците мора да бидат подготвени за пазар на труд каде дигиталните алатки и вештачката интелигенција се неопходни.

    Но родителите кои се спротивставуваат посочуваат истражувања според кои учениците што повеќе користат компјутери имаат послаби академски резултати, а информациите подобро се паметат кога се читаат на хартија. Експертите додаваат дека постои разлика меѓу учење за технологија и целосна зависност од неа.

    Речиси 9 од 10 јавни училишта во САД денес обезбедуваат уред за секој ученик во средно и високо образование. Пандемијата дополнително го забрза овој тренд, со федерални средства вложени во технологија.

    Сепак, дел од наставниците признаваат дека екраните се користат премногу.

    „Стандардот стана сè да се прави на екран, наместо да се прашаме дали навистина треба“, вели наставникот Дејвид Стајн.

    Некои родители ги префрлиле децата во училишта со „low-tech“ пристап. Други бараат печатени задачи или купуваат сопствени лаптопи со построги филтри за содржина. Дури и кога не успеваат целосно да ги исклучат уредите, велат дека отворањето на темата е чекор напред.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Џада Пинкет Смит ја покажа својата луксузна вила само неколку дена по пожарот

    27/11/2026

    Родителите често ги прават овие пет грешки без да сфатат дека им нанесуваат штета на своите деца

    27/11/2026

    Околу 2,2 милиони евра незаконски наплатени од фирмите за брзи кредити ќе им се вратат на граѓаните

    26/11/2026

    МПЦ – ОА го осуди насилството врз жените и фемицидот, најави обука на свештенството

    26/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    The Biggest Hollywood Celebrities Visit the Ranches of California

    Утрово почнува предавањето на израелските заложници во Газа, ќе ги преземе Црвениот крст

    Со омаж ќе биде одбележана 20 годишнината од смртта на писателот Зоран Ковачевски

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.