Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Марка“: Чаби си купи малку време, но Реал не изгледа добро

    18/12/2025

    Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, властите во Македонија знаат што треба да направат

    18/12/2025

    Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија

    18/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, властите во Македонија знаат што треба да направат
    Македонија

    Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, властите во Македонија знаат што треба да направат

    18/12/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Самитот ЕУ–Западен Балкан, според претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, донесе јасна порака дека европските држави цврсто ја поддржуваат иднината на Западен Балкан во Европската Унија. По завршувањето на самитот Кошта изјави дека проширувањето е вистинскиот избор бидејќи проширената Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна Европа, затоа што проширувањето го зајакнува просперитетот и затоа што Европската Унија останува привлечен и кредибилен проект.

    Тој оцени дека во текот на изминатите 12 месеци, постигнат е добар напредок кај поедини држави и ги поздрави чекорите на Македонија за зајакнување на регионалната поврзаност.

    „Се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Нивните власти знаат што треба да направат“, рече Кошта.

    Тој потенцира дека државите од Западен Балкан треба да направат и политички избор, дали ќе останат заробени во минатото или ќе се движат напред кон заедничка иднина во Европската Унија, избор помеѓу поделба или помирување и соработка, кои се самите столбови на Европската Унија.

    „Само со надминување на минатото, Западниот Балкан може целосно да ја преземе својата улога како идни членки на ЕУ и да придонесе за стабилна, просперитетна и обединета Европа. Патот напред нема да биде лесен. Некои реформи ќе бидат тешки, но вредат. И верувам дека нашите партнери се посветени на остварување на целите“, рече Кошта.

    Европската Унија ја потврди својата посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ, истакнувајќи дека иднината на државите е во Унијата и дека проширувањето е реална можност што треба да се искористи, стои во Декларацијата што беше усвоена на завршницата на самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржа во Брисел.

    Во документот се наведува дека лидерите на ЕУ и нејзините земји-членки, во консултација со партнерите од Западен Балкан, заклучиле дека денешниот самит ја покажува силата на односите и придобивките што им ги носи на граѓаните, но исто така дека агресијата на Русија против Украина и растечките геополитички предизвици ја истакнуваат потребата од сè посилни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан.

    Декларацијата наведува дека проширувањето е геостратешка инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет, и дека вонредните ситуации на нашето време бараат одржлив моментум, а земјите што се стремат кон членство мора да ги засилат своите реформски напори, додека од друга страна, ЕУ мора да ги зајакне своите внатрешни темели и реформи.

    „ЕУ ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан да ги поддржат европските вредности и принципи, во согласност со меѓународното право, приматот на демократијата, основните права и вредности и владеењето на правото, и очекува од нив да го покажат ова со зборови и дела преку преземање одговорност и спроведување на потребните реформи, особено во областа на основните принципи. Слободата на изразување, независните и плуралистичките медиуми, родовата еднаквост и силната улога на граѓанското општество се клучни за обезбедување функционална демократија. ЕУ ги повикува партнерите да ги гарантираат правата и еднаквиот третман на членовите на малцинствата“, се наведува во текстот на Декларацијата.

    Исто така, се наведува дека инклузивната регионална соработка, помирувањето и добрососедските односи остануваат клучни за градење заедничка иднина, како и за спроведување на меѓународните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучувајќи го и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Се додава дека сè уште се потребни решителни понатамошни напори за да се поттикне помирувањето и регионалната стабилност, како и да се пронајдат и спроведат дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања на партнерите вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и утврдените принципи, вклучително и Договорот за прашањата за сукцесија, како и преостанатите случаи на исчезнати лица и прашањата за воени злосторства.

    „Сметаме на нашите партнери од Западен Балкан да пренесат на својата јавност дека ЕУ останува најблискиот партнер, главен донатор, инвеститор и трговски партнер во регионот и да ја покажат својата посветеност на вредностите и реформите на ЕУ со зборови и дела. Со нетрпение го очекуваме следниот самит ЕУ-Западен Балкан во Црна Гора во јуни 2026 година“, се наведува во текстот на Декларацијата.

    Поврзани вести

    Дезинформациите се предизвик за демократијата, во Македонија се меша странската пропаганда со внатрешната поларизација

    17/12/2025

    Нови потпретседатели на СДСМ се Александар Трајановски и Јована Тренчевска

    17/12/2025

    ПОЦ организираше крводарителска акција

    16/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.