
Од денеска, 15 декември 2025 година, Виз ер официјално ја воведе новата директна авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Прага. Првиот лет на оваа релација полета во 14:20 часот.
Отпочнувањето на новата линија беше одбележано со заедничка прес-конференција на која учествуваа генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, министерката Сања Божиновска и претставници на Виз ер.
Според Курт, линијата Скопје – Прага е резултат на стратешка соработка и значаен чекор кон унапредување на поврзаноста, туризмот и економската соработка меѓу двете земји.
Летовите на релација Скопје – Прага ќе се реализираат трипати неделно, секој понеделник, среда и петок.
Покрај новата дестинација, Виз ер од денеска ги обновува и директните летови од Скопје до Келн, кои ќе се реализираат четири пати неделно.

