Овој ден не е само симбол, туку и сериозен потсетник, како што истакнува Гаши, да не заборавиме дека борбата против корупцијата не се води сама по себе и не се ограничува само на закони.
„Борбата против корупцијата бара култура на интегритет, личен пример, политичка одговорност и општествена свесност. Таа се спречува и се надминува тогаш кога ја одбиваме рамнодушноста. Затоа, мисијата ни припаѓа на сите, да изградиме држава каде што правдата, транспарентноста и интегритетот не се апстрактни аспирации, туку единствениот начин на функционирање“, посочува Гаши.
The post Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, вели Гаши appeared first on МКД.МК.

