Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Двајца синови осомничени за семејно насилство врз мајките во Скопје
    Македонија

    Двајца синови осомничени за семејно насилство врз мајките во Скопје

    27/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки, соопштија во Јавното обвинителство.

    „Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде,  тој почнал агресивно да ја обвинува дека таа не успеала да му пружи достоен живот и во еден момент почнал да ја удира со тупаници по главата и телото. Потоа ја тресел и ја кубел за косата, па ѝ се заканил дека ако не му обезбедела одредена сума пари, тој секој ден ќе ја тепа и нема да престанува“, наведено е во соопштението.

    Јавниот обвинител, како што се додава, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за овој осомничен, особено имајќи предвид дека тој и претходно бил осудуван за слично кривично дело, како и заканите упатени кон оштетената кои го зголемуваат ризикот од повторување на делото.

    „Во друг настан, за истото кривично дело е осомничен 24-годишник од Петровец, кој на 25 јули попладнето во семејниот дом ја нападнал физички својата мајка, удирајќи ја со тупаница по лицето. Потоа ја повлекол за левата рака и влегол на возачкото седиште од автомобилот и ја затворил силно вратата. Раката на оштетената останала приклештена со вратата, а осомничениот почнал да вози, при што жената не можела да се извлече и трчала по возилото се додека по некое време осомничениот не ја отфрлил“, информираат во Обвинителството.

    Како што додаваат оттаму, јавен обвинител на Основниот кривичен суд во Скопје му предложил да определи мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Судот и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со нападнатата мајка.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Од целосно затворање до растојание од 500 метри, како ВЛЕН се „коцкаше“ со ветувањата кон граѓаните

    Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државава

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.