Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Талески: Се знае што значи победата денес, есенска титула и награда за одиграното

    05/12/2025

    (Видео) Сè е широко на неа, а таа е толку „проклето секси“

    05/12/2025

    Изложба на слики „Допир на светови“ од Сашо Георгиевски

    05/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Николоски на министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел
    Политика

    Николоски на министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел

    05/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На министерскиот совет, со кој ќе претседава еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам Апостолис Ѕиѕикостас, покрај Николоски ќе учествуваат и министри за транспорт и владини претставници од повеќе европски земји, меѓу кои и од Албанија, Бугарија, Грција, Ирска, Кипар, Косово, Романија, Словенија, Србија и Црна Гора.

    Според најавите, Николоски на министерскиот совет ќе говори за македонските транспортни политики, напредокот и реализација на проектите за европските транспортни коридори 8 и 10, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западниот Балкан.

    Во пресрет на состанокот, Николоски најави средби со министрите од Грција и Бугарија, на кои ќе стане збор за спојувањето на двата коридори, како и за можностите заедничко финансирање на нови проекти во рамки на Планот за раст.

    „Нашата визија е Македонија да стане центар за транспорт на Балканот. Иако не излегуваме на море, имаме една уникатна локација на која коридорите 8 и 10, исток-запад и север-југ, се сечат источно од Скопје и тоа е главната придобивка која мораме да ја дадеме за генерациите што доаѓаат после нас“, порача Николоски.

    Министерскиот совет тело задолжено за остварување на целите утврдени во Договорот на Транспортната заедница. Тој дава општи политички насоки, го разгледува напредокот во спроведувањето на Договорот, дава мислења за назначувањето на директорот на постојаниот секретаријат и одлучува за седиштето на постојаниот секретаријат со консензус. Министерскиот совет се состои од по еден претставник од секоја земја потписничка на Договорот, додека сите членки на ЕУ можат да учеството како набљудувачи. Министерскиот совет се состанува еднаш годишно.

    Николоски вчера во Брисел присуствуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан, што го организира тинк тенкот Пријатели на Европа, каде се обрати на панелот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“.

    Поврзани вести

    Николоски од Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ, но недостасува испораката од Унијата

    04/12/2025

    Николоски на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ во Брисел

    04/12/2025

    Mуцунски во Виена на Министерски состанок на ОБСЕ

    04/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.