Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Талески: Се знае што значи победата денес, есенска титула и награда за одиграното

    05/12/2025

    (Видео) Сè е широко на неа, а таа е толку „проклето секси“

    05/12/2025

    Изложба на слики „Допир на светови“ од Сашо Георгиевски

    05/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Уставните измени – камен околу вратот за Македонија во разединетата Европа
    Политика

    Уставните измени – камен околу вратот за Македонија во разединетата Европа

    01/12/20255 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    И покрај дваесетгодишно искуство во „наивност“ од македонската страна и доверба во поддршката на европските бирократи за „моментумите“ и „последните некопенхагенски услови“ за почеток на преговори со ЕУ, мотивирањето на Македонија со шансите на Украина да биде членка на ЕУ  – и за најнаивните во (гео)политиката изгледа како невешто конструирана стапица.

    Освен што Македонија има 20 години повеќе „стаж“ во подготовката за преговори со ЕУ од Украина, оваа земја веќе три години е под воена инвазија од Русија, со неизвесност за форматот на нејзината сувереност, граници и други базични државни перформанси дури и по исходот на мировните преговори кои сè уште се само во перспектива, од кои се чини дека и самата ЕУ е исклучена. Актуелната македонска влада не брза со уставните измени за внесување на Бугарите во преамбулата на Уставот како државотворно малцинство, кои од претходната влада беа прифатени како обврска за отворање на преговарачкиот процес со Унијата, односно отворање на поглавјата и кластерите од преговарачката рамка. Позициите на актуелната влада се барање гаранции од ЕУ дека тоа ќе бидат последните некопенхагенски услови и нема понатаму да се прават опструкции од билатерална природа во текот на преговарачкиот процес со ЕУ. Но и се очекува одреден реципроцитет од Бугарија, во однос на спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права и овозможување на регистрација на здруженијата на Македонците во таа соседна земја.

     

     

     

     

     

     

     

     

    Ваквите позиции на Македонија кога станува збор за уставните измени и евроинтеграциите, ставени во контекст на геополитичките тектонски процеси што се очекуваат со мировните преговори поврзани со иднината на Украина, за „големите играчи“ во ЕУ, веројатно изгледаат безначајни, но за Македонците, по сите национални отстапки со Преспанскиот договор со Грција и изневерени ветувања од самата Унија, се позиции на изгорен од жешко млеко што дува во маштеница. Резервираноста во Македонија е уште поголема поради сомнителната мотивација и аргументација од европските бирократи и дипломати за „фаќање на бранот“ со Украина и Молдавија, во историскиот миг кој се препознава како промена на една геополитичка ера.

    „Точна е тезата дека сведочиме на крајот на униполарниот момент на САД. Тој глобален поредок започна со падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и ќе оставиме историјата да даде конечен суд кога ќе заврши. Но веројатно, 2016 година, односно референдумот за брегзит и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, или февруари 2022 со почетокот на руската инвазија врз Украина се датумите околу кои ќе се кршат копјата.

    Во новиот свет и натаму САД се клучниот пол, но тие добиваат конкуренција олицетворена во Кина и секако дека Русија повторно можеме да ја вброиме како светска сила. Останатите големи и средни сили во подем, исто така ќе се вмешаат во градење на новата глобална политичка, безбедносна и економска архитектура“, го проценува геополитичкиот миг Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор на Македонија .

    Професорката и лидерка на партијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева во однос на евроинтеграциите на Македонија, смета дека тие треба да бидат тема од втор, па дури од трет ред, и дека имаме многу поважни проблеми, особено во овој геополитички миг кога се создаваат нови односи во светот.

    „Геополитиката вибрира, се менува динамично, а во самата Европска Унија се случуваат тектонски процеси. Во ЕУ има расцеп и различни позиции во однос на Украина, а нам ни велат дека шансата за членство во ЕУ да ја фатиме со Украина. Веќе почувствувавме на своја кожа дека Копенхагенките критериуми за Македонија не важат, немаме никакви гаранции дека со спроведување на уставните измени ќе завршат уцените и опструкциите во процесот на преговори, а сега божем нè ‘охрабруваат’ да го фатиме моментот на добра волја за проширување со Украина. Не треба да се истрчуваме во овие месеци, кога се гледа со ‘голо око’ дека се созадаваат нови односи во светот, кога и земји поголеми од нашата не можат да се снајдат. Покрај тоа и Европа се менува, односно ЕУ сè повеќе се милитаризира. Она што го заговара ЕУ како мировен план за Украина значи – војна и веќе се доведува во прашање моралниот интегритет на Европа како мировен проект. Уставните измени се веќе искушение за Македонија, за суштински национални прашања, а во ваква разединета Европа – се камен околу вратот“, вели професорката Грчева, која смета дека чекорите околу евроинтеграциите треба да се прават по внимателна анализа на геополитичките трендови. И токму затоа вели дека одамна ни е потребен институт за геополитика.

    И покрај интензивните тектонски движења во актуелната геополитика и разногласието во ЕУ, главно поврзани со процесите за завршување на војната во Украина, амбасадорот Боцевски цени дека Македонија и Западниот Балкан, воопшто се цврсто вклопени во она што се нарекува Западен свет. Иако сè уште формално не е членка на Унијата, економската структура на Македонија е поврзана со единствениот пазар на ЕУ, а тоа во најголема мера ја одредува нејзината страна во геополитичките превирања.

    „Меѓутоа, во нашиот случај е јаснo дека нашата економска структура е безмалку целосно поврзана со единствениот пазар на ЕУ и секое размислување вон овие рамки нè внесува во неизвесни води. И тоа во момент кога се нишаат утврдените правила на игра и се формираат контурите на новиот свет. Не треба да се изуми дека Балканот не е поле на натпревар меѓу големите сили, туку цврсто е вклопен во тоа што се нарекува Западен свет. Така што Македонија мора, токму заради оваа нестабилност, да вложи дополнителен напор за да ја заокружи својата интеграција во ЕУ, шенген-зоната, еврото, ОЕЦД и сите други институции на Западниот свет“, анализира Ивица Боцевски.

    Јасминка Павловска

    Поврзани вести

    Николоски на министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел

    05/12/2025

    Николоски од Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ, но недостасува испораката од Унијата

    04/12/2025

    Николоски на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ во Брисел

    04/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.