Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    АНАЛИЗА: Над една милијарда евра историски трансфер од Буџетот до ПИОМ за пензии – „линеарката“ под лупа

    25/11/2025

    Радивојевиќ: Магдебург е тешко да се изненади, но во Битола покажавме дека се е возможно!

    25/11/2025

    (Фото) Најпосакуваниот моден додаток за сезоната – нема да излезете од дома без него

    25/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Худолин: Скопје е најголем загадувач на Вардар, очекуваме итен ангажман од власта
    Македонија

    Худолин: Скопје е најголем загадувач на Вардар, очекуваме итен ангажман од власта

    24/11/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Скопје е најголем загадувач на Вардар и токму затоа со завршување на изградбата на колекторот и станицата за третман на отпадни води, активност кофинансирана од ЕУ, значително ќе се придонесе кон тоа реката да биде почиста. Очекуваме итен ангажман од националните власти овој систем да се стави во функција со што ќе се намали загадувањето на водите. Ова денеска го истакна Штефан Худолин, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, на денешниот настан „Денови на Вардар 2025“. На настанот кој вклучува  дискусии, работилници и тренинзи, се зборуваше за заштита и одржливо управување со сливот на реката Вардар, кој опфаќа околу 80 отсто од сите водни тела и со тоа е најзначен воден ресурс во државата.

    Активноста е дел од Програмата за управување, користење и заштита на води, која е поддржана од Владата на Швајцарија, а се спроведува во партнерство и со учество на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Од Делегацијата на Европската Унија порачаа дека развивањето План за управување со сливот на Вардар ќе биде најзначаен чекор за имплементација на Рамковната директива за води. Како дел од процесот на подготовка за креирање на Планот за управување со сливот на Вардар, Програмата за управување, користење и заштита на води и Европската Унија, донираа нова модерна опрема во лабораторијата на Управата за хидрометеоролошки работи. Дополнително, преку Програмата за води се обезбедија и две нови возила, со цел да се олесни теренската работи при земање примероци вода.

    „Првпат воспоставуваме модел каде политиката, експертизата и институциите се усогласени околу една цел, стабилен и одржлив систем на управување со водите. Нашата политичка волја е јасна: да го подигнеме секторот на ниво кое одговара на европските стандарди и на очекувањата на граѓаните. До 2027 година, кога завршува првата фаза од програмата, ќе имаме поставено основа за идни структурни резултати и систем што генерира мерливи промени“, порача Ане Лашкоска, заменичка-министерка за животна средина и просторно планирање.

    Албрим Хоџа, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кажа дека програмата има посебно значење бидејќи до 2027 година треба да воспостави информативен систем за води и план за управување со сливот на реката Вардар.

    „Политиките засновани на податоци ќе ни помогнат подобро да го планираме развојот на земјоделството, шумарството и водостопанството. Со силни водостопански системи за наводнување во земјоделството, заштита на приносите од сите климатски промени и одржливо управување со земјоделските и шумските капацитети, инвестираме во потенцијалот на руралната средина“, рече Хоџа.

    Програмата за води се фокусира на три главни цели – зајакнување на капацитетите на надлежните институции за интегрирано и одржливо управување со водните ресурси, развивање соодветна законска и регулаторна рамка за води и подобро планирање и управување со сливот на Вардар.

    Амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Зомер, истакна дека оваа програма е продолжување на дваесетгодишната швајцарска поддршка во подобрување на пристапот до вода за пиење, изградба на капацитети за третман на отпадни води и заштита на животната средина.

    „Преку партнерство со институции, експерти и заедниците, работиме на препознавање и заштита на овој клучен ресурс за домаќинствата, земјоделството и индустријата во сливот на Вардар. Имајќи предвид дека овој слив опфаќа околу 80 отсто од водните тела во државата, интегрираното планирање за управување со речен слив, регулаторната реформа и пилот-проектите со земјоделците и општините, ќе ја пренесат политиката во пракса и ќе го поплочат патот за имплементација на Планот за управување со речен слив во земјата“, изјави Зомер.

    Во рамки на „Денови на Вардар 2025“, минатата недела се одржа дводневна работилница, на која учествуваа домашни и странски експерти, претставници на клучните надлежни институции и граѓански организации. Утре, на последниот ден од настанот, на Градежниот факултет во Скопје, ќе се презентира Првичниот извештај за значајни прашања во управувањето со водите на сливот на Вардар и ќе се одржи Саем на кариера.

    Поврзани вести

    АНАЛИЗА: Над една милијарда евра историски трансфер од Буџетот до ПИОМ за пензии – „линеарката“ под лупа

    25/11/2025

    На Попова Шапка се очекува да започне уште една тмурна сезона, ги нема најавените странски инвестиции

    23/11/2025

    СДСМ: Трипуновски испратил празни страници како одговор во случајот со суспензијата на ИПАРД

    23/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.