Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Адили: Се надевам дека денеска среќата ќе биде на наша страна!

    07/12/2025

    Норис, Верстапен или Пјастри: Епска трка во Абу Даби за титулата во Ф1!

    07/12/2025

    Муцунски: Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија

    06/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Мицкоски: Македонија е дом на различности кои не разделуваат
    Политика

    Мицкоски: Македонија е дом на различности кои не разделуваат

    22/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Денес сме собрани за да го одбележиме Денот на албанската азбука. Ден кој носи силна историска и културна симболика. Ден поврзан со градот Битола и со еден од најзначајните моменти во модерната албанска историја – Конгресот во 1908 година.
    Тогаш, во Битола, град прераснат во центар на напредни идеи, движења и визии, албанската интелигенција го направи крупниот чекор кон создавање на една унифицирана азбука, темел на јазичната и културната кохезија на Албанците.
    Тоа беше чин со длабоко европско значење. Чин на модернизација, образование и отвореност. Во период кога Балканот минуваше низ тешки предизвици, Битолскиот конгрес покажа дека силата на едно општество произлегува од знаењето, од јазикот и од вербата во иднината.
    Овој ден е важен и за нашата држава. Македонија е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна. Албанската заедница со својата култура, јазик, традиции и вредности е суштински дел од нашата држава.
    Денес, кога го одбележуваме Денот на албанската азбука, оддаваме признание на напорите на генерации кои се бореле за образование, писменост и културен развој, но и на сите кои денес го продолжуваат тој пат.
    Нашата заедничка татковина се темели на идејата дека секој граѓанин има еднакво место, еднаква вредност и еднаква можност. Токму затоа, Владата останува посветена на политики кои градат меѓуетничка доверба, создаваат простор за достоинствен развој на јазиците и културите и ја зајакнуваат кохезијата меѓу сите наши граѓани.
    Имаме амбиција и сакаме да градиме општество во кое младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и сите други ќе ја гледаат својата иднина овде – во силна и развиена татковина.
    Општество во кое секој јазик е мост, а не граница. Сила, а не поделба. Богатство, а не предизвик.
    Во оваа насока, Владата активно работи на проекти кои создаваат подобар живот за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Посветени сме на унапредување на инфраструктурата и можностите во секоја општина, на модернизација на училиштата, на поддршка на културните институции и на отворање нови можности за младите. Во тек се програми за дигитализација на услугите, за економски развој на локалните заедници и за јакнење на институциите што се грижат за рамноправност и интеграција.
    Нашата цел е секој граѓанин, во секој дел од државата, да го почувствува напредокот и да знае дека државата стои зад него. Ова не е само политичка обврска, туку морална должност кон идните генерации.
    Дозволете ми, на крај, да упатам порака која е суштинска за нашата сегашност и за иднината што сакаме да ја градиме: успехот е наш заеднички проект. Само ако сме обединети во почит, доверба и одговорност, ќе можеме да постигнеме резултати што ќе ја движат татковината напред. Нека е честит Денот на албанската азбука“, рече н крјот од своето обраќање Мицкоски.

    Да продолжиме да ја градиме нашата заедничка татковина со почит кон различностите и со јасна визија за иднината.

    На 22 ноември се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука. Конгресот на уедничување на азбуката на албанскиот јазик претставува еден од најзначајните настани во историјата на културата, и на албанскиот народ во целина.

    Од 22 ноември 2007 година, Денот на албанската азбука се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во земјава.

    The post Мицкоски: Македонија е дом на различности кои не разделуваат appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Муцунски: Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија

    06/12/2025

    Премиерот за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства

    06/12/2025

    Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025

    06/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.