Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Да се знае кој е кој: Првите овации на “Камп Ноу“, не беа за Јамал, туку… (ВИДЕО)

    23/11/2025

    САД инсистирaат дека тие го изработиле мировниот план за Украина по објавите дека станува збор за руски „список на желби“

    23/11/2025

    Пеп имаше што да им каже на судиите: Ова е офсајдот кој не е досуден! (ФОТО+ВИДЕО)

    23/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»САД инсистирaат дека тие го изработиле мировниот план за Украина по објавите дека станува збор за руски „список на желби“
    Свет

    САД инсистирaат дека тие го изработиле мировниот план за Украина по објавите дека станува збор за руски „список на желби“

    23/11/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека предложениот мировен план од 28 точки за завршување на војната во Украина бил „изработен од САД“, по објавите дека документот бил претставен како руски „список на желби“, пишува Би-Би-Си.

    Ова следи откако група сенатори во САД соопштија дека Рубио им кажал оти нацртот кој, според еден сенатор, бил опишан како руски список на желби, не ја одразувал позицијата на Вашингтон. Подоцна Рубио се огради од тие тврдења и рече дека планот потекнува од САД и е „заснован на инсајдерски информации“ и од Русија и од Украина.

    Интервенцијата дојде додека Рубио патуваше кон Женева на разговори со украински и европски безбедносни претставници во врска со документот, кој американскиот претседател Доналд Трамп бара Киев брзо да го прифати.

    Меѓутоа, европските сојузници на Украина се спротивставија на клучните елементи од нацрт-планот, кој не е јавен, но чијашто содржина сепак беше објавена. Според деталите од објавениот план, Украина би требало да повлече трупи од источните подрачја што Русија не успеа да ги заземе со сила и да прифати ограничување на големината на својата армија.

    Во саботата, републиканскиот сенатор Мајк Раундс рече дека Рубио ги уверил сенаторите оти планот не е американска политика. Тој на Безбедносниот форум во Халифакс рече: „Она што ни го кажа беше дека ова не е американски предлог“. Раундс додаде дека документот му бил презентиран на Стив Виткоф, дипломатски пратеник на Трамп, „од некој што ја претставувал Русија“ и дека „не е нашата препорака. Не е наш мировен план“.

    Кратко потоа, портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, изјави дека описот на Раундс „отворено лаже“. Тој објави на X: „Како што државниот секретар Рубио и целата администрација постојано нагласуваа, овој план е изработен од САД, со инсајдерски информации од Русите и Украинците“.

    Рубио потоа и самиот напиша: „Мировниот предлог беше изработен од САД. Тој е заснован на информации од руската страна, но исто така и на претходни и тековни инсајдерски информации од Украина“.

    Во саботата, Трамп, кој го стави постигнувањето мировен договор за Украина како централен надворешнополитички приоритет во неговиот втор мандат, изјави дека документот не е „финална понуда“ и дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, „ќе мора“ да го прифати.

    Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, оцени дека критичарите на нацрт-планот „или го погрешно разбираат рамковниот договор или погрешно го претставуваат критичниот контекст на теренот“. Тој додаде дека е „фантазија“ да се верува оти дополнителни пари, оружје или санкции ќе донесат победа за Украина.

    Сојузниците на Украина, меѓу кои Канада, Франција и Германија, на Г20 самитот порачаа дека предложениот план „би ја оставил Украина ранлива на напад“. Според нив, документот содржи елементи „неопходни за праведен и траен мир“, но „потребна е дополнителна работа“, особено околу прашањата за границите и ограничувањате за украинската армија.

    Изјавата беше потпишана од лидерите на Канада, Финска, Франција, Ирска, Италија, Јапонија, Холандија, Шпанија, Велика Британија, Германија и Норвешка, како и од двајца високи претставници на ЕУ.

    Макрон порача дека планот „не може едноставно да биде американски предлог“, а германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека страните се „сè уште многу далеку од добар исход за сите“.

    Британскиот прер ремиер Киер Стармазговараше и со Зеленски и со Трамп. Лондон соопшти дека ги пренел европските позиции за предложениот план.

    Русија ја започна целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година, по што Киев стана силно зависен од американското оружје.

    Според протечените детали, во сегашната форма планот предвидува украинско повлекување од делови на Донецк под нивна контрола, фактичко руско управување со Донецк, Луганск и Крим, како и замрзнување на линиите на фронтот во Херсон и Запорожје.

    Украина би добила „сигурни безбедносни гаранции“, но без детали што точно тоа значи. Во документот пишува и дека „се очекува“ Русија да не ги напаѓа своите соседи, а Украина никогаш да не стане членка на НАТО.

    Во саботата, Зеленски го назначи Андриј Јермак како главен украински преговарач во идните мировни разговори, вклучително и оние што би можеле да ја вклучат Русија.

    Извор: Би-Би-Си

    Поврзани вести

    Сојузниците на Украина ќе одржат разговори за мировниот план на Белата куќа на Г20

    22/11/2025

    Стармер, Мерц и Макрон ја потврдија целосната поддршка за Украина по разговорот со Зеленски за планот на САД

    21/11/2025

    Јапонската премиерка Санае Такаичи го отфрли барањето на Кина да ги повлече коментарите за Тајван

    21/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.