Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    НБА ги комплетираше учесниците на Ол-Стар викендот

    02/02/2026

    Тошковски: Со „Безбеден град“ бројот на сообраќајни прекршоци е драстично намален

    02/02/2026

    (Видео) „На овој човек му е потребна помош“: Џастин Бибер настапи речиси гол на Греми наградите

    02/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Муцунски: Во Брисел за проширувањето можно е да се гласа со квалификувано мнозинство
    Политика

    Муцунски: Во Брисел за проширувањето можно е да се гласа со квалификувано мнозинство

    21/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Постојат повеќе иницијативи. Една од тие иницијативи е онаа за гласање со квалификувано мнозинство во Советот кога се во прашање одредени фази од проширувањето. Факт е дека големо мнозинство од земјите членки и европските институции во целост го делат ставот дека проширувањето треба да биде засновано на принципот на постигнувања“, изјави Муцунски.

    Сепак, според него, факт е и тоа што ни случува нам во пристапниот процес со години наназад, па затоа охрабрување претставуваат пораките како денешната при презентацијата на извештајот по Стратегијата за проширувањето на ЕУ дека билатералните прашања не смеат да се користат како лост за блокирање на процесот на пристапување на земјите кандидати за членство.

    „Тоа е нешто што нѐ радува, но ние, исто така, треба да сме свесни за реалноста што постои, а тоа е фактот дека сѐ уште сме блокирани од страна на една земја членка во отпочнувањето на преговорите. Истовремено, факт е дека треба да ја вложиме сета наша енергија врз основа на добра верба и да имаме насоченост кон изнаоѓање решенија за сите предизвици. Но секако, ќе го повторам и тоа што е конзистентен став на Владата повеќе месеци, дека решенијата на билатералните предизвици никако да не бидат решавани така што ќе задираат или ќе ги доведат во прашање македонскиот идентитет, јазик и културна посебност“, истакна Муцунски.

    Во врска со најавата на Атина за нејзина иницијатива за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан, Муцунски рече дека верува оти Грција ќе остане еден од нашите поддржувачи на патот за полноправно членство во ЕУ, бидејќи нашето интегрирање во Унијата покрај во наш, е и во интерес и на нашите соседи кои се членки на блокот.

    „Нашите билатерални односи со Грција се развиваат во позитивен правец во последните година дена. Се работи на многу опипливи проекти кои што носат бенефит за нашите граѓани и бизнис заедницата. Тука примарно мислам на Коридорот 10 и на интерконекторот што е во изградба и се изведува во моментов“, рече шефот на дипломатијата.

    Тој додаде дека пред околу една недела присуствувал на средба организирана од стопанските комори на двете држави, на која биле упатени позитивни сигнали во делот на деловната и трговската соработка.

    Поврзани вести

    Мицкоски: И покрај понижувањата на поединци во Брисел, интеграцијата на Македонија во ЕУ не е доведена во прашање

    01/02/2026

    Претседателот на Собранието, Гаши на Економска конференција во Истанбул

    31/01/2026

    Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со ПССЕ: Европа признава дека имаме функционална Влада

    31/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.