Нашата најдобра фудбалска репрезентација досега одиграла само три меча во својата историја против Велс, вечерва ќе биде четвртиот. Имаме по една победа, по едно реми и по еден пораз со гол разлика 3:3.
Првиот меч го одигравме на 06.09.2013 во Скопје кога победивме со 2:1 во меч од квалификациите за СП 2014. Стрелци на головите беа Тричковски и Трајковски, а за гостите Рамзи од пенал. На 11.10.2013 следуваше гостување во Кардиф каде Велс со голот на Чрч, а по асистенција на сегашниот селектор, Белами, успеа да победи со 1:0.
Сепак на тој 25 март оваа година во Скопје, вечно ќе се сеќаваме. Имавме водство од 1:0 со голот на Миовски, и кога сите веќе ја прославувавме победа, втор на стартот од овие квалификации, во таа прокклета 90+6. минута, гостите преку Брукс израмнија на 1:1.
Уште еднаш, ах, таа проклета 90+6.минута.

