Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Албанската актерка Анила Биша ја тужи владата за користење на нејзиното лице и глас за креирање на виртуелната министерка Диела

    14/02/2026

    Во Пелистер револтирани: Големо сценарио во Куманово во режија на судиите, се играше „осум на пет“!

    14/02/2026

    Превирања во Беса, Лимани се заканува дека може да придобие 15 пратеници

    14/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Гори зградата на „Вјесник“ во Загреб, пожарот и утрово не е целосно изгаснат
    Регион

    Гори зградата на „Вјесник“ во Загреб, пожарот и утрово не е целосно изгаснат

    18/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Непосредно пред полноќ во понеделник навечер, во облакодерот „Вјесник“ во Загреб избувна пожар. Огнот зафати неколку ката од зградата и покривот, а голем број пожарникари се вклучени во неговото гаснење.

    Од Противпожарната бригада на Загреб информираат дека пожарот утрово не е целосно изгаснат.

    „Од граѓани е примена пријава за појава на густ црн чад и видливи пламени јазици што излегуваат од зградата на Вјесник на неколку ката. Противпожарната бригада веднаш по пристигнувањето на местото на интервенцијата започна со гаснење. Пожарот се прошири вертикално и зафати неколку ката и покривот, поради што беше побарано вклучување на дополнителни сили и техника“, велат од бригадата.

    Некои од сведоците на пожарот велат дека пред да забележат оган, слушнале силен звук.

    „Слушнав тресок, како да беше гром. Тогаш почна пожарот“, вели за „Нет“ еден сведок.

    „Минувавме тука околу полноќ, два прозорци гореа. По еден час кога се враќавме, остатокот од зградата почна да гори“, рече очевидец.

    Други сведоци исто така велат дека се слушале силни звуци.

    „Живеам на неколку стотини метри од тука, звучеше како експлозија на боца со гас, почна да мириса и помислив дека гори околу мојата зграда, а потоа го видов „Вјесник“ во пламен.“

    Ситуацијата на местото на пожарот утрово многу подобро отколку еден или два часа пред тоа. Пожарот беше намален и немаше голем отворен пламен, иако многу катови сè уште гореа.

    Градоначалникот Томислав Томашевиќ, придружуван од командантот на загрепската противпожарна бригада, накратко ги обиколи просториите на приземјето во близина на облакодерот каде што беше безбедно и потврди дека штетата е огромна.

    „Се уште гори на различни катови. Важно пожарникарите да не се доведат во опасност, за да се изгасне и внатре и надвор“, рече градоначалникот, додавајќи дека причината за пожарот сè уште не е позната.

    Поврзани вести

    Tрамвај излета од шините во Сараево, едно лице загина, неколкумина се повредени

    12/02/2026

    Новиот парламент на Косово ја одобри владата на Албин Курти, надмината едногодишната политичка блокада

    12/02/2026

    Антивладини протести во Тирана, поради обвинувања за корупција и мешање во тендери

    11/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.